Видео кое е многу актуелно на социјалните мрежи.
Граѓаните брзо го споделуваат и го препраќаат едни на други.
Во пожар кој се случи нешто после 15 часот, целосно изгоре мотор.
Според првичните информации од терен, нема повредени во овој настан.
Ситуацијата се случува во Ѓорче Петров, а случајни минувачи веќе споделија видеа на социјалните мрежи.
На лице место е полиција, каде ќе биде извршен увид.
Видеото погледнете го во продолжение:
Извадок на дел дневните настани 28.08.2022
На 27.08.2022 во 12.45 часот во Полициска станица Аеродром Ј.Т.(90) од Скопје пријавила дека на ул.Февруарски поход била касната од куче скитник.
На 27.08.2022 во 13.00 часот во Полициска станица Карпош С.М.(52) од Скопје пријавила дека во населба Трнодол во Скопје била касната од куче скитник.
Во текот на изминатата вечер (27/28.08.2022)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 21 возач. За време на контролата биле санкционирани и 20 останати прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден (27.08.2022) во периодот од 17.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје. При контролата санкционирани се 49 возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола, три за користење мобилен телефон…
На 28.08.2022 во 05,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот од с.Чифлик кон манастир „Св.Богородица“ моторцикл „томос“, управуван од Б.С.(67) од с.Чифлик, кочанско излетал надвор од патот. Во несреќата на место на настанот починал Б.С. Од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 31 мерка за управување под дејство на алкохол, 21 мерка за возење без возачка дозвола, осум санкции за некористење на сигурносен појас.Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, седум санкции за возач почетник…
На 28.08.2022 околу 01.30 часот на патот Градско-Прилеп, товарно моторно возило „сканија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(62) од Кавадарци удрило во тунел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ј. кои му биле констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.
Извадок на дел дневните настани 27.08.2022
На 26.08.2022 во 15.55 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(39) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.08.2022 во 00.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров ја лишиле од слобода Х.С.(26) од Скопје затоа тоа што кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2022 во 15.30 часот било пријавено дека на локален пат во с.Саса, Македонска Каменица, С.Ѓ. (58) од Македонска Каменица изгубил контрола врз трактор “имт“ со приколка што го управувал и излетал во река. При тоа Д.А: (52), кој се превезувал на тракторот скокнал од него и останал неповреден, но малолетно лице кое исто така се превезувало на тракторот, паднало и било прегазено од тракторот, по што починало. И возачот на тракторот се здобил со повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.
На 26.08.2022 во 11.48 часот било пријавено дека во Демир Хисар на крстосницата за с.Вардино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано до Џ.С.(59) од с.Суводол-демирхисарско, и мопед “генерик“ со битолски регистарски ознаки, управуван од К.Ј.(19) од с.Белче-демирхисарско. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Денеска (27.08.) околу 08,10 часот на автобуска станица кај Зелен пазар во Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар бил приведен Т.А. (38) од Скопје, кај кого бил пронајден украден паричник. Паричникот бил на 49-годишно лице од село Вруток-гостиварско, кој што претходно пријавил дека на 26.07.2022 на железничката станица во Скопје му бил одземен од непознато лице. Против Т.А. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во текот на вчерашниот ден (26.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 142 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 44 останати прекршоци.
СВР Скопје-ЕВР Гази Баба постапувајќи по план за акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на општина Гази Баба, Илинден и Петровец изврши контроли во неколку угостителски објекти при што во еден угостителски објект на подрачје на општина Илинден затекнато било малолетно лице кое конзумирало алкохол. По документирање на случајот ќе бидат поднесени споодветни пријави.
На 26.08.2022 во 21.40 часот во с.Катланово-скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(25) од село во охридско. За неа била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело “тешка кражба“. Таа ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа.
На 26.08.2022 во 13.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило “фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(26) од Прилеп, патничко моторно возило “голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(58) од с.Лажани-прилепско, патничко моторно возило “пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(21) од Прилеп и патничко моторно возило “форд“, управувано од Е.И.(27) од с.Дебреште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.И., констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 26.08.2022 во 20.00 часот на Граничниот премин Табановце, биле приведени Е.Ј. (22) и К.С. (36) од Косово затоа што при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 27.08.2022 во 02.15 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на „Оранжерии“-Виница патничко моторно возило “фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано Д.С.(25) од Виница, излетало од патот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.К.(20) од Виница, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Виница.
На 26.08.2022 во 10.35 часот Полициската станица Карпош Ц.П.(79) од Скопје, пријавила дека на ул.“Лондонска“ била касната од куче скитник.
На 26.08.2022 во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.И.(28) од Скопје, поради кривично дело насилство. Околу 15.00 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката.Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.
На 26.08.2022 во 20.55 часот на Граничниот премин “Долно Блаце“ на влез во РС Македонија, приведен е О.Б.(43) од Албанија, поради нудење поткуп. О.Б., кој бил заменски возач на автобус со албански национални ознаки, влегол во службената просторија на раководителот на смена и понудил банкнота од 50 евра за наводно да се забрзала контролата на патните исправи на патниците. Веднаш е лишен од слобода и за настанот бил известен Јавен обвинител кој наредил пријавениот да биде задржан и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.
На 26.08.2022 во 14.00 часот на регионалниот пат од село Мрзенци кон село Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ дале знак за запирање на патничко моторно возило „форд мондео“ со германски регистарски таблички. Возачот на возилото не запрел и се упатил во правец на Прдејци. По преземени мерки, возилото набрзо било пронајдено и при преглед во истото и пребарување на теренот, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, додека возачот се дал во бегство. Известен бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случaјот.
Во текот на вчерашниот ден (26.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 519 возачи. Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 233 надвор од населено место.
На 26.08.2022 во 23.55 часот било пријавено дека во зграда на ул. „Дане Крапчев“ во Скопје било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 20-25 години. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.