Ден по погребот на Младен, двајцата приведени за срамното видео пуштени од притвор









Младен Дулиќ од Лакташи, БиХ кој се самоуби поради видео на кое беше исмејуван на социјалните мрежи, денеска е погребан на градските гробишта во Лакташи.

Еден од соседите наведува дека Младен купил 100 свеќи и ги оставил на масата пред да се самоубие.




В.Т. и Д.К. од Лакташи, уапсени за неовластено снимање, денеска по кривична постапка се пуштени на слобода.

Дежурниот обвинител нареди против нив да биде поднесена пријава за сторено кривично дело.




– Дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бањалука нареди по комплетирање и документирање на случајот против лицата В.Т и Д.К да се поднесе пријава за сторено кривично дело – соопштија од полицијата.




Полициската управа Бањалука вчера соопшти дека овие две лица чии иницијали се В.Т. и Д.К. од Лакташи се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено фотографирање.




Како што пишуваат тамошните медиуми, еден од вработените на бензинската пумпа „Глигиќ“ од Лакташи му се исмејувал на дваесет и двегодишен млад човек кој побарал од него да пополни формулар за „пријава за работа“.

Телото на Младен го пронашол неговиот татко откако се вратил од работа. Таткото се вратил дома со велосипед и видел дека вратата од просторијата за пушење е отворена, но прво не се посомневал во ништо, вели добро информиран соговорник на Српскаинфо.

error: Content is protected !!