Чиро Блажевиќ: Имам рак една година и три месеци, а моите ќерки не се јавиле да прашаат дали сум жив









Прославениот хрватски стратег во пензија, Чиро Блажевиќ, веќе подолг период има проблеми со здравјето, боледува од вид на рак со кој се бори неколку години.




Тој во последното интервју на голем глас откри каков е односот на неговите ќерки кон него откако настапила болеста кај него.




„Веќе година и три месеци имам рак, а од тогаш наваму, моите ќерки не ни прашаа за мене, да ме прашаат како си тато? Ништо од тоа“, истакна Блажевиќ.




Блажевиќ има две ќерки, Барбара и Кетрин и син Мирослав, кој го доби од долгогодишниот брак со сопругата Зденка.




Да потсетиме, Чиро Блажевиќ претходно откри дека му се појавил редок вид на карцином со кој еве се бори се уште.

error: Content is protected !!