Познатата пејачка имала проблеми. Итно морала да оди на операција.
Сепак, да избегне медиумско влијание, насочила дека оди на шопинг односно одмор во Турција.
Познатата балканска пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца на социјалните мрежи соопшти дека била на операција во Истанбул, но не откри каков зафат бил направен.
Сепак, пред да замине таму, таа најавила дека ќе оди на одмор и шопинг во Турција, па никој не очекувал дека ќе биде извршен хируршки зафат.
„Докторот ми рече дека операцијата ќе трае шест часа, дека тоа е стандард за ваков тип интервенции. Јас морав да го направам овој зафат, дали сега или за два месеца, едноставно морав. Сакав повторно да се чувствувам добро во сопствената кожа“, раскажа таа.
Со пејачката во Истанбул била и нејзината сестра Лидија, како и Анастасија, ќерката на Цеца.
Она што било многу важно за Цеца е да нема видливи последици по кожата, поради што сакала да биде оперирана од врвен хирург, откриваат извори блиски до пејачката.