Тажната вест утрово брзо се расшири: Ги растажи сите во Македонија, но најмногу патриотите – почина Спасе Вурмо









Најнова вест, за жал, почина еден од најголемите патриоит.

Сите ќе го паметат по неговата борба за правата на Македонците. Слава му.




Во шеесет и шестата година од животот, синоќа во село Туминец, Мала Преспа, почина Спасе Вурмо, голем македонски активист во Албанија.




Спасе беше долгогодишен активист и борец за правата на Македонците во Албанија. Од самото формирање беше член на друштвото „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, како и на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.




– Спасе беше почитувана личност во Преспа и даде голем придонес во афирмација на Македонците во Албанија. Длабоко и искрено сочувство до фамилијата, напиша Васил Стерјовски претседател на МАЕИ, објавувајќи ја веста.




Погребот е денеска во 12 часот на селските гробишта во село Туминец, општина Пустец.

error: Content is protected !!