По проблемите со струјата, Арачиново повторно е тема број еден во Македонија.
Овојпат – се работи за нешто многу поопасно. Граѓаните повторно се вознемирени.
На 27.08.2022 во с. Арачиново, скопско од полициски службеници од СВР Скопје е приведен С.С.(68) од с. Арачиново откако тој самиот во полициска станица во 13.40 часот пријавил дека во сопствениот дом во с. Арачиново, испукал куршум од пиштол „Црвена Застава“ кал.7.65мм кон неговата сопруга З.С.(59). З.С. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди.
За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извадок на дел дневните настани 28.08.2022
На 27.08.2022 во 12.45 часот во Полициска станица Аеродром Ј.Т.(90) од Скопје пријавила дека на ул.Февруарски поход била касната од куче скитник.
На 27.08.2022 во 13.00 часот во Полициска станица Карпош С.М.(52) од Скопје пријавила дека во населба Трнодол во Скопје била касната од куче скитник.
Во текот на изминатата вечер (27/28.08.2022)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 21 возач. За време на контролата биле санкционирани и 20 останати прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден (27.08.2022) во периодот од 17.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје. При контролата санкционирани се 49 возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола, три за користење мобилен телефон…
На 28.08.2022 во 05,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот од с.Чифлик кон манастир „Св.Богородица“ моторцикл „томос“, управуван од Б.С.(67) од с.Чифлик, кочанско излетал надвор од патот. Во несреќата на место на настанот починал Б.С. Од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 31 мерка за управување под дејство на алкохол, 21 мерка за возење без возачка дозвола, осум санкции за некористење на сигурносен појас.Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, седум санкции за возач почетник…
На 28.08.2022 околу 01.30 часот на патот Градско-Прилеп, товарно моторно возило „сканија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(62) од Кавадарци удрило во тунел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ј. кои му биле констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.
Извадок на дел дневните настани 26.08.2022
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Ј.А(33) од с.Барешани, битолско, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 и „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 25.08.2022 околу 09.00 часот во семејната куќа во с.Барешани, пријавениот со остар предмет му нанел повреда на неговиот татко Ѓ.А.(58), по што му одзел пари. Набргу потоа, Ј.А. бил пронајден и лишен од слобода.
На 25.08.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Д.(42) од Велес. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Велес. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.
На 25.08.2022 во 13.00 часот во село Ваксинце, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес. Во возилото „крајслер“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници. Претходно, на автопатот „Пријателство“, кај село Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на АРСМ и продолжил кон село Ваксинце. Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четири лица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово. Со повреда, исто така, се здобил и припадник на АРСМ при преземање мерки, по што и на него му била укажана помош во болницата во Куманово. Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.08.2022 во 17.55 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Б.М.(22) од Кочани. Тој бил фатен веднаш по извршување кражба од продажен објект на бул.„Борис Трајковски“ и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.08.2022 во 22.30 часот на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и остар предмет. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на еден автобус и едно комби кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57 од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции.
На 25.08.2022 во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи во с.Кукуречани била пронајдена граната. Граната била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било утврдено дека се работи за артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна.
Во текот на вчерашниот ден (25.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 361 возач. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкциja, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за возач почетник…
Во текот на вчерашниот ден (25.08.2022) во периодот од 19.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 78 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
На 25.08.2022 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Димче Мирчев“, возило „дачиа“ сопственост на МВР, управувано од С.С. (45) полициски службеник, удрило во Г.Ј.(63) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.08.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.08.2022 во 12.15 часот во Полициската станица Аеродром, Л.М.(60) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 25.08.2022 во 17.35 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 25.08.2022 во 22.10 часот во Полициската станица Чаир, Н.П.Ц.(42) од Скопје пријавила дека во населбата Радишани нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 25.08.2022, полициски службеници од СВР Велес го привеле М.З (31) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Подоцна, лицето било предадено во установата за издржување на казната.