Поранешниот премиер Никола Груевски им го честита големиот христијански празник Успение на пресвета Богородица на сите христијански верници.
Присеќајќи се на одлуката овој голем празник да влезе во календарот неработни верски празници, Гуруевски посака повеќе здравје, силна верба во Бога, спокојство на душата и многу поголема меѓусебна почит а особено почит на децата кон родителите.
Денес е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица или познат и како Голема Богородица, кој е еден од 12-те најважни датуми во црковниот календар. Овој празник е поврзан со крајот на земниот живот на Дева Марија и нејзиното повторно обединување со Исус Христос на небото.
Според Светото Писмо, по Воскресението Господово, Богородица останала под грижата на апостол Јован Богослов, на кого Исус му оставил аманет да се грижи за неа. Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството.
Еден ден, на ист начин како што била информирана дека ќе зачне и ќе го роди синот Божји, архангелот Гаврил ѝ се јавил на Марија со небесна гранка од урма во рацете и рекол дека за три дена нејзиниот земен живот ќе заврши. Таа била воодушевена од оваа вест, бидејќи сфатила дека може да се сретне со својот син. Христијаните почнале да доаѓаат во Ерусалим, апостолите се вратиле од различни делови на светот.
Тоа се случило во 30. година од првиот век. Преданието вели дека Богородица живеела 60 години, според некои извори 72, го надживеала својот син и таа е сведок на многу познати настани и ја продолжила неговата мисија.
По смртта на Дева Марија, учениците Христови го ставиле нејзиното тело во ковчег, кој го погребале во Гетсиманија, сместен во пештера, блокирајќи го влезот со камен. На настанот биле присутни сите, освен апостол Тома.
На третиот ден, кога Тома пристигнал на Елеонската Гора, посакал да го види ковчегот за да се прости од Богородица. Меѓутоа, кога влегле во пештерата, апостолите нашле празен гроб. Истата вечер, Богородица им се јавила на апостолите опкружена со ангели и им рекла дека секогаш ќе биде со нив.
Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.
На првиот Велигден Христос воскресна. И денес е втор Велигден, Велигден на Пресвета Богородица, која со своето тело се вознесе на небото“. Тоа е едно од големите чуда од тој период, кое е и историски факт.
По распнувањето, воскресението и вознесението на Исус Христос, неговата мајка Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството.
Но, на 28 август, дојде денот кога таа премина во Царството Небесно. Како што погоре стои, според библиските преданија, еден ден за време на молитвата, Богородица го видела архангелот Гаврил, кој еднаш ја известил за веста дека ќе стане мајка на Исус.
Овој пат тој и соопштил дека за три дена нејзината душа ќе го напушти нејзиното тело. Во тоа време, Пресвета Богородица успеала да се прости од своите роднини и ученици Христови, а потоа во нивно присуство повторно се соединила со Бога. Ова ѝ даде вечно небесно постоење.
Оттука и името на празникот Успение на Пресвета Богородица – тивката, мирна смрт на Богородица.
Кога во 2007. година одлучив на Владата да и предложам промени и проширување на празниците во Македонија, на претходни консултации за делот на христијанските празници го поканив архиепископот на МПЦ-ОА г.г.Стефан. Во тој разговор и консултации се утврди мојот конечен предлог кој подоцна беше подржан од владата и парламентот, па од тогаш денешниот празник е празник и неработен ден за сите христијани во Македонија.
На сите православни христијани им го честитам празникот и посакувам повеќе здравје, силна верба во Бога, спокојство на душата и многу поголема меѓусебна почит а особено почит на децата кон родителите.
Повеќе за Никола Груевски.
Никола Груевски е македонски политичар. Тој бил министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до декември 2017 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.
Во ноември 2018 година избегал во Унгарија каде што има побарано политички азил од тамошните власти откако требал да одлежи 2-годишна затворска казна во Македонија.
Никола Груевски е роден во Скопје на 31 август 1970 година. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тало е доктор на науки на Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор на Шумарскиот факултет при Скопскиот универзитет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра на првиот министер за внатрешни работи на Република Македонија Јордан Мијалков. Груевски основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола во 1994. Се здобил со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност во 1996.
Во периодот 1995-1998 година работи како директор на одделот за „безбедност, планови и анализи“ во Балканска банка во Скопје. Потоа продолжува како управник од Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонската берза. Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 12 декември 2006. Груевски бил во брак со Сузана Арбутина, од која нема деца. По разводот со првата сопруга, во мај 2007 година се оженил со Боркица Груевска (моминско презиме Манчева), со која имаат две деца.
Кон крајот на 1999, Груевски е назначен за министер за финансии на местото на Борис Стојменов во владата на Љубчо Георгиевски. По иницијатива на Груевски се интензивира процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990. Има имплементирано финансиски реформи меѓу кои воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, кампањата „Купувајте македонски производи“, брендирана преку логото со насмеано сонце. Списанието „Форум“ во 2000 година го прогласи за „Човек на годината“ и го вброја меѓу десетте најпосакувани ергени.
ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во 2006 година. На 25 август Груевски ја формираше новата Влада, во која клучните министерства ги зазедоа лица на возраст од 30-тина години. На предвремените парламентарни избори во 2008 година, победила коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што беше нивна втора изборна победа по ред, добивајќи повеќе од половина од пратеничките мандати во Собранието на РМ. Тој направи коалиција со ДУИ.
Во мандатот на Груевски се воведе концептот на рамен данок, а обемот на странски инвестиции во периодот 2007–2014 бил 277 милиони евра по година. Просечниот економски развој во периодот 2007–2013 изнесувал 2,6%, додека невработеноста се намалила од 36% во 2006 на 28% во 2014. Остварени се мерки за подобрување на бизнис-климата, поради што „Дуинг Бизнис“ во 2015 ја рангираше Македонија на 12. место во светот по тој критериум.
Во време на Груевски се вовело задолжително средно образование, и се отвориле два нови државни универзитети и над 20 државни факултети. Неговиот предлог за воведување „државен испит“ на факултетите предизвикал масовни студентски протести кон крајот на 2014, бидејќи студентите сметале дека власта ја загрозува универзитетската автономија. Спровел мерки за подобрување на земјоделството, при што субвенциите за земјоделството тројно се зголемиле во периодот 2008–2015. И покрај овие мерки, во овој период двојно се зголемил увозот на храна и материјални добра.
По параментарните избори во 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Груевски е избран за водач на партијата, заменувајќи го дотогашниот претседател Георгиевски. ВМРО-ДПМНЕ ги загубила претседателските избори во 2004 година, по што на партискиот конгрес во хотел „Панорама“ се случил вооружен инцидент и обид за смена на Груевски од челната позиција во партијата. ВМРО-ДПМНЕ освоила двојно помалку градоначалници од владејачкиот СДСМ на локалните избори во 2005, по што Груевски изјавил дека имало „многу нерегуларности во некои општини“ за време на вториот изборен круг.