Видеото кое го подели и Балканот. Многумина коментираат и го критикуваат таткото, но има некои кои го оправдуваат односно велат дека го сфаќаат.
Вашето мислење, може да го образложите во коментар – откако ќе го погледнете видеото.
Видеоснимка од автопатот за која зборува Балканот, на која татко и дете на возраст од околу 2-3 години, предизвика шок на социјалните мрежи.
Имено, видеото кое е објавено на страницата „Возење паметно со ДАРС“ на кое се гледа пример на крајно арогантно и како што се наведува во описот опасно по живот однесување.
Како што можете да видите, таткото во еден момент го запира автомобилот на третата лента, го вади нокширот, го седнува детето на него, а кога детето го завршило тоа што го имал, таткото ја истурил содржината од нокширот на страната на патот.
Видеото предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, од кои повеќето беа негативни.
-Понекогаш човек не може да одолее на повикот на природата. Сепак, не го имитирајте странскиот возач на видеото кој застана токму на лентата за забрзување! Ова е забрането и смртоносно!
Ако вие или вашиот придружник не можете да стигнете до постојката за одмор, излезете од автопатот на првиот излез – стои во описот на видеото.
Видеото е направено во Словенија.
Словенија (словенечки: Slovenija), официјално: Република Словенија (Republika Slovenija) — планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во Средна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.
Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.
Главен град: Љубљана. Број на жители: 2. 053 488 (2009.). Површина: 20 273 км2
На Словенија припаѓа и многу мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 км. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.
Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се привлечни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.
Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенечко јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.
Името Словенија има значење „земја на Словените“ на словенечки и на другите јужнословенски јазици. Етимологијата на зборот Словен останува непотполно разјаснета.
Реконструираниот аутоним *Slověninъ е изведен од зборот слово („збор“), првично означувајќи „луѓе кои зборуваат (ист јазик),“ т.е. луѓе кои можат да се разберат меѓусебно. Ова е спротивно на словенскиот збор со кој се означуваат германските народи, *němьcь, со значење „тивки, неми луѓе“.
Словенските предци на денешните Словенци се населиле на територијата на Словенија во VI век. Словенското кнежевство Карантанија било формирано во VI век. Во 745 година Карантанија била приклучена кон Франкската Империја и Карантанците го прифатиле христијанството. Карантанија ја задржала својата независност до 828 година. Со бунтовите на месното население и со помош на Баварија, Карантанија имала своја потполна независност, но била сосема уништена од Унгарците во IX век.
Карантанија била повторно основана во 976 година но подоцна Ото I ја поделил Карантанија и ја создал Корушка, шестото војводство на Папската Држава.
За време на XIV век, повеќето од територијата на Словенија била под раководство на Хабсбуршката монархија и во XV век целата територија на Словенија била под раководство на соседната Монархија.
Во XVI век во Словенија зела замав протестантската реформација. За време на тој период биле публикувани првите книги на словенечки јазик и тоа од Примож Трубар и неговите следбеници. Иако сите следбеници на револуцијата биле протерани од словенечките земји, сепак тие оставиле силни впечатоци на месното население и ја составиле основата на словенечкиот литературен јазик.
Во периодот 1805 и 1813 година Словенија потпаднала под раководство на Австриската Империја. Во овој период се развил словенечкиот национализам и се создала идејата за Обединета Словенија.
Подоцна Словенија била дел на Кралството СХС и СФРЈ и на 25 јуни 1991 година Словенија станала независна држава.
Во Словенија се присутни четири географски региони на Европа: Алпите, Динарите, Панонската низина и Медитеранот. Највисок врв во Словенија е Триглав со 2 864 метри и просечната надморска височина е 557 метри. Иако е во близина на Средоземното Море, реките на Словенија се од црноморското сливно подрачје. Брегот на Словенија изнесува околу 47 километри.
Половина од територијата на Словенија е покриена со шуми, третата држава во Европа по шумска површина. Климата на Словенија е средоземна во крајбрежниот регион, алпска клима во планините и континентална во остатокот на земјата.
На чело на Словенија е претседателот кој е избран од мнозинство гласови на секои пет години. Извршната власт е во рацете на премиерот на Словенија и во Советот на министри или наречен кабинет. Министрите ги избира националното собрание на Словенија.
Двојниот парламент на Словенија е карактеристичен по тоа што нема еднаква поделба на власта, бидејќи словенечкиот устав не посочува и не ја поделува власта подеднакво на двата дома. Парламентот се состои од национално собрание и национален совет. Националното собрание на Словенија има 90 членови, од кои 88 се избрани од сите граѓани на избори, додека два се избрани од унгарското и италијанското малцинство. Во Словенија има избори на секои пет години. Националниот совет на Словенија има 40 членови кои се назначени за социјални, економски, професионални и локални групи.
Традиционалните осум региони на кои е поделена Словенија се истите региони на кои била поделена државата за време на Хабсбуршката монархија и други историски држави.
Регионите Горишка и Словенечка Истра се познати и по заедничкото име приморски регион.
Статистичките региони на Словенија служат за административни работи.
Словенија има високо развиена економија со втор највисок БНП по глава на жител од новите 15 земји членки на ЕУ со 29 472 долари. Економскиот развој на Словенија се забрзал во последните неколку години кога во 2004 е забележан раст од 4,3% и во 2006 од 5,9%.
Покрај високиот развој на економијата, сепак таа се соочува со некои помали проблеми. Голем дел од словенечката економија е во рацете на државата и Словенија има најмали странски инвестиции во ЕУ по глава на жител. Даноците се големи и производството се преселува во други држави.