МВР не спие: Уапсено едно лице за лажните дојави за бомби во Скопје

















Полицијата денеска го уапсила Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во градот, соопшти вечерва МВР.




Како што информира министерството, во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Во исто време, од МВР велат дека завршиле антитерористичките проверки во врска со денешните пријави во девет училишта, при што повторно е утврдено дека заканите биле лажни.




-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението.

error: Content is protected !!