Во Косово се појави вознемирувачка снимка од дом за стари лица во градот Пеќ, на која се гледа како млада работничка, негувателка или медицинска сестра, малтретира и тепа стара жена, сместена на домот.
Настанот се случил пред неколку дена во приватниот дом во Пеќ. На видеото се гледа како вработената ја удира по главата повозрасната жена.
Нејзината колешка во првите моменти од насилството сака да ја отргне од намерата, но таа продолжува да ѝ удира шлаканици на жената.
Портпаролот на полицијата на Пеќ, Фадиљ Гаши вели дека медицинските сестри се уапсени на работното место, денеска околу 14 часот.
Тие се осомничени дека сториле кривично дело „насилство“ и кривично дело „помагање во извршување на кривичното дело насилство“. Снимката прва ја објави актерката Каљтрина Зенели.
По ова, реакција имаше од многу балкански, но и светски познати личности, а се огласи и новинарот од Македонија, Фуркан Салиу, кој има свое гледање на работите:
-Повеќе од 15 секунди не можев да го гледам видеото од старечкиот дом. Го гледав и видеото од старата дама како го напушта центарот.
Како човек кој живее во ерата на социјалните мрежи, веќе ништо не ме изненадува.
Гарант ова му текнало на некој да се снима за да лајкнеме на тикток или на снеп, да прати на другар или да покаже колку е кул… Односно колку е глуп и расипан, што повеќе лајкови и споделувања имаш?
Ужас, луѓе, ужас!
Внимавајте кога ги воспитувате децата, посветете повеќе време и внимание за да не го бараат вниманието на другите, да се глупираат и да завршат трагично.