Политичката партија Левица нема да присуствува на лидерската средба в понеделник која ја свика премиерот Димитар Ковачевски. Ставот на партијата го објави претседателот Димитар Апасиев.
„Со нас не можат да се договорат како со вмровците. Ние сме тврд орев“, вели Апасиев.
Претходно денеска присуството го потврди првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Потенцирајќи ја актуелноста на прашањето за лидерската средба и „дали ВМРО-ДПМНЕ ќе оди и што ќе прави“, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и потврди дека ги присустува на таква среба затоа што, како што исткна, имаат ставови и оти се подготвени да ги бранат насекаде во светот.
Премиерот Ковачевски пред три дена (1 ноември) најави дека ќе испрати покани за лидерска. Целта, соопштија тогаш од Владата, е да се разговара за европскиот пат на земјава како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк консензус, како што се уставните измени со кои Бугарите и други народи ќе се внесат во Преамбулата од Уставот.
Дека ќе присуствуваат на лидерската средба вчера потврдија и од Алијанса за Албанците.
Левица е како орев – и тоа тврд, не сме како вмровците, вели Апасиев за лидерската кај премиерот
