Убава глетка за око: Падна првиот снег во Македонија









Снегот го побели врвот на Пелистер, Антена на надморска височина од 2601м. Ова се први снежни врнежи оваа есен.




Во Битола обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден.




Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени, што е вистинска промена, ако се знае дека до вчера, битолчани се шетаа по кратки ракави.




Врвот Пелистер на планината Баба, од утрово забеле од снежна покривка.




Фотографијата на социјалните мрежи ја сподели Јонче Илиевски во групата Ски и Сноуборд МК.

error: Content is protected !!