Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе 60-годишен македонски државјанин откако во неговиот камион полицијата пронашла 88 илегални мигранти по потекло од Авганистан.
Ова ни е прв случај македонски државјани да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти, изјави за МИА портпаролката на Регионалната управа на бугарското Министерство за внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева, коментирајќи го денешното приведување на македонскиот државјанин.
„Досега имало државјани од многу други земји кои се занимавале со шверц на мигранти, но немало македонски државјанин“, додаде Рандева. Таа наведе дека приведениот македонски државјанин е идентификуван како Зоран Камилов и според податоците од неговата лична карта има 60 години и е од Гевгелија.
Тој е задржан од страна на бугарската полиција во 24-часовен притвор, а по истекот на овој период се очекува Јавното обвинителство во Бургас да му го продолжи притворот за уште 72 часа.
Истрагата за случајот е веќе започната, а судењето би можело да заврши до крајот на следната неделата.
Според изворите на дописникот на МИА од Софија, приведениот македонски државјанин со каминот со скопски регистарски таблички влегол во Бугарија од Турција преку еден од двата премини на бугарско-турската граница „Капитан Андреево“ или „Лесово“.
Тој по приведувањето во полициската станица изјавил дека со него не контактирале шверцери на мигранти, туку дека тој ги качил Авганистанците затоа што му ветиле дека ќе му платат за превозот.
Тие се качиле во багажниот простор на камионот во областа Дебелт, од каде возилото се упатило кон Бургас, при што било запрено од полициска патрола. Камионот бил пресретнат околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време) во близина на бензинска пумпа во бургаската населба „Меден Рудник“, низ која минува главниот пат од Средец до Бургас.
Полициската акција следувала откако полицијата добила информација од двајца очевидци дека во камионот кај Дебелт се натовариле мигранти, по што полициските службеници го пресретнале во Бургас. Авганистанците во текот на ноќта илегално ја преминале бугарско-турската граница и рано утрово се качиле во камионот.
Што се миграции?
Миграции се однесува на поголемо движење на група предмети, организми или луѓе, а вклучува:
Извадок на дел дневните настани 28.08.2022
На 27.08.2022 во 13.20 часот во Полициска станица Центар, Г.У.(19) од Скопје пријавила дека во времето од 02,40 до 03,00 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Центар таа и нејзиниот познаник М.Г. биле физички нападнати од две лица кои и одзеле ранец со лични документи и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.08.2022 во 05.20 часот во Полициска станица Струмица С.Н.(23) од Струмица пријавил дека околу 04.00 часот во Струмица бил физички нападнат од З.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.08.2022 во 01.30 часот во Полициска станица Радовиш Д.Б.(21) од с.Злеово, радовишко пријавил дека во с.Злеово бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во 22.15 часот во Полициска станица Валандово С.П.(46) од с.Марвинци пријавил дека околу 21.30 часот во с.Марвинци неговиот син по претходно недоразбирање бил физички нападнат од С.К.(30) од с.Марвинци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во 18.25 часот во Полициска станица Неготино Р.Ѓ.(43) од Неготино пријавил дека околу 01,00 часот во Неготино неговиот син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во 23.20 часот Љ.И.(40) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Гази Баба задната шофершајбна од неговото возило “мерцедес“била оштетена од залутано зрно. Се работи на расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во с. Арачиново, скопско од полициски службеници од СВР Скопје е приведен С.С.(68) од с. Арачиново откако тој самиот во полициска станица во 13.40 часот пријавил дека во сопствениот дом во с. Арачиново, испукал куршум од пиштол „Црвена Застава“ кал.7.65мм кон неговата сопруга З.С.(59). З.С. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.08.2022 во 02.20 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар приведени се Ш.Т.(28), Л.С.(48) и А.Џ.(45) сите од Р. Албанија затоа што на 27.08.2022 околу 20,45 часот во близина на угостителски објект на крстосница во Гостивар, по претходна расправија и меѓусебна физичка пресметка Ш.Т. со нож му нанел повреда на Ц.А.(28) од Р.Албанија, кој бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.08.2022 во 02.30 часот Ј.В.(27) од Кочани, пријавил дека на 27.08.2022 околу 22.10 часот на подрачјето на Центар од страна на едно лице, кое било заедно со уште едно женско лице со употреба на физичка сила и закана со остар предмет му одзело паричник. Се работи на расчистување на случајот.
На 28.08.2022 во 02.00 часот С.К.(48) од Скопје пријавила дека на 27.08.2022 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник со кого се познавале. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.08.2022 во 22.07 часот во СВР Скопје од Градската општа болница “8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив била донесена Т.Ј.З.(28) од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Имено според пријавеното, истиот ден околу 11.00 часот во с.Волково таа била физички нападната од две женски лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во 19.45 часот било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров по претходно меѓусебно нетрпение бил нарушен јавниот ред со меѓусебна пресметка помеѓу Г.Г.(50) и Д.Ј.(34) двајцата од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.08.2022 во 17.45 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари по претходни недоразбирања бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Н.(32), С.К.(37) и С.Ш. сите од Скопје, во која биле употребени и тврди предмети. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.08.2022 во 02.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од Организациона Единица Хром се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(16) кој и претходно се оддалечувал од установата и повторно бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 27.08.2022 во 21.30 часот А.А.(32) од с.Чајлане-скопско пријавил дека во с.Чајлане во дворот од неговата куќа од страна на неговиот татко било пронајдено залутано зрно. Се работи на расчистување на случајот.
На 28.08.2022 во 03.15 часот во Полициска станица Куманово С.К.(21) од Куманово пријавил дека на 27.08 и 28.08.2022 во времето од 22.00 часот до 01.30 часот додека бил на неговото работно место како обезбедување во казино во Куманово во неколку наврати Ф.Ј. кого го познавал му упатувал закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во 22,40 часот во Полициска станица Струга е пријавено дека во 22.33 часот во обложувалница во Струга едно лице со закана кон вработената одземало пари. Се преземаат мерки за расчситување на случајот.
На 28.08.2022 во 01.45 часот во Полициска станица Струга Ј.В.(28) од с. Лескоец, охридско пријавил дека околу 01.30 часот во Струга додека бил со З.Т., бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.08.2022 во 00.10 часот во Полициска станица Битола Р.Ј.(49) од Битола пријавил дека на 27.08.2022 околу 03.00 часот пред угостителски објект во Битола по претходно недоразбирање бил физички нападнат од неколку лица кои биле обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во 19,40 часот во Полициско одделение Теарце Ј.Џ.(41) од с.Слатино, тетовско пријавил дека околу 03.50 часот во и пред казино во с. Теарце, тетовско по претходно недоразбирање бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2022 во 13.30 часот С.П.(42) пријавила дека на подрачјето на Бутел во правно лице бил оштетен таванот од залутан куршум. Се работи на расчистување на случајот.