Ангела од Куманово: Пица не сме пробале, само сме гледаме како други деца јадат









Ангела од Куманово: Пица не сме пробале, само сме гледаме како други јадат

Приказната која ќе ја прочитате, ќе ви остави без без збор, со многу солзи на очите.




Тешка е судбината на Добре Лазаровски од кумановското село Градиште.

Живеат без вода и струја, нема пари ниту за храна, а не пак за нешто повеќе. Куќата каде живеат и не може да се нарече куќа.




„Срце на дланка“ со сторија која ќе ви го скрши срцето.

Се бањаат кога ќе заврне, тогаш ги перат и алиштата. Оброк им е попара од шеќер и вода.




Вода пијат од бунар, кој е оддалечен неколку километри од местото каде преспиваат.

Ангела, која има само 10 години, со нејзините зборови, буквално ја потресе државата.




Срце ме боли кога ќе си легнеме гладни. Работам само за дневница кога некој ќе ме повика, но тоа е многу ретко и тие пари веднаш одат за храна, која брзо ја трошиме.

Нема електричен шпорет, ниту фрижидер, па ретко кога можам им мачкам маргарин, тогаш се најсреќни, вели мајката.




-Пица не сме пробале, не го знаеме вкусот на пицата, но сме гледале како други деца јадат, вели малата Ангела.

Нејзиниот брат Јован пак вели дека би бил пресреќен кога ќе проба сендвич, но е свесен дека мајка им тоа не може да го направи.




-Нашите соученици ни се смеат кога одиме валкани на училиште, а ние немаме вода. Чекаме дожд, па тогаш се переме, додава Ангела.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на здрави нозе и да го има барем основното тоа може да го сторите на телефонскиот број 075 349 090 или на трансакциската сметка 2707000425515.21 – Василка Лазаровска

Целото видео погледнете го во продолжение на профилот „Срце на дланка“:

error: Content is protected !!