МКД: Почина планинарот паднат во провалијата под Титов Врв









Еден од двајцата планинари кои вчера се изгубиле под врвот Титов Врв на Шар Планина почина по падот во провалија, неофицијално дознава МКД.мк.

Полесно е повреден неговиот другар кој јавил за инцидентот, а потешко бил повреден и началникот на тетовската полиција кој бил член на спасувачката екипа.




Планинарот кој јавил за настанот утрово во три часот бил пренесен во тетовската болница, заедно со началникот на СВР Тетово кој добил потешки телесни повреди.




Спасувачките екипи за да го пронајдат планинарот кој паднал во провалија се упатиле од другата страна преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа. За жал, според информации на МКД.мк, тие го пронашле мртвото тело на планинарот.




„На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со полицијата во Тетово. Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде е и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е полесно повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор”, објави ЦУК.

Извор: МКД.мк

error: Content is protected !!