Ова не се очекуваше: Груевски грмна за Камчев – кажа работи што ги шокираа сите









Бизнисменот Орце Камчев пред неколку дена излегол на слобода, откако неодамна побарал спојување на двете затворски казни на кои беше осуден, велат од Кривичниот суд.




Информацијата за „Фокус“ ја потврдиле од Кривичниот суд, од каде што појасниле дека станува збор за редовна процедура, по што е одлучено вкупната казна да му се намали за 4 месеци.

На ваквото барање на бизнисменот Обвинителството не поднело жалба.

Сега, наместо две години, бизнисменот доби една заедничка казна, која е намалена за четири месеци, односно вкупно требаше да одлежи една година и осум месеци.




Камчев повеќе нема обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга, каде што влезе пред четири месеци.

Тој беше осуден на по една година затвор за предметите „Империја“ и за „Плацови на Водно“, а доби заедничка казна што е намалена за четири месеци.

За ова се огласи и Никола Груевски, кој напиша:




Доколку евентуално дојде до промена на уставот во скоро време, предлагам уште еден амадман кој би бил во правец да секој кој ќе ме нападне или обвини, кој ќе измисли некаква афера или ќе ми стави нешто на товар, ќе ме наклевети, ќе се согласи лажно да сведочи во поткрепа на политичките обвиненија, или стане активен и корисен соработник на правосудните органи против мене, независно во која фаза на процесот, независно што зборувал и изјавувал претходно и независно од кои мотиви го прави тоа, да биде целосно ослободен од било какво гонење.




Да не се мачат политичарите, обвинителите, судиите, лицата под политички прогон, затворските институции, контролираните медиуми а и оној дел од јавноста која сеуште не ги разбира работите во смисла што всушност се случува, да биде на чисто.




error: Content is protected !!