Многумина ја плукаат на социјалните мрежи. Пишуваат се и сешто иако лично не ја познаваат.
Сепак, има и многу кои и даваат целосна поддршка. Таа го живее животот како што сака – и што е најважно е многу среќа.
Пејачката која постави високи стандарди на музичката сцена во државата, Сања Сани Гроздановска пред нешто повеќе од еден месец се одлучи да влезе во брачните води по трет пат.
Таа му кажа „да“ на Никола Урдаревиќ, а тие двајца сега живеат надвор од Македонија, според информациите кои ги имаме во Швајцарија.
Активна е и на социјалните мрежи, каде често знае да напише по некоја комична објава и да ги засмее фановите.
Сега заедно со својот сопруг сподели фотографија, на која заеднички се качени и управуваат трактор.
Не сме сигурни, но веројатно Сани и не знае да управува со него. А ова е можеби и прв пат да се вози на трактор.
И двајцата се насмеани, изгледаат крајно среќно и задоволни. Нашата редакција им посакува убави и среќни денови во брак.
-Да изораме нивите, – пишува Сани.