Дали смееме да палиме свеќи за живите: Грев кој несвесно го правиме

Дали смееме да палиме свеќи за живите: Грев кој несвесно го правиме

Малкумина го знаат овој одговор.

Некои парохијани веруваат дека во црквите се палат онолку свеќи колку што луѓе се споменуваат во молитва.

Се верува дека една свеќа се пали за една душа.

Претходно свеќите се користеле во куќите и храмовите за да го осветлат просторот. На почетокот тие доминирале во храмовите. Со текот на времето, свеќата станува симбол на светлина која се врзува за добар почеток.

„Јас сум светлоста на светот“, вели Исус Христос. Врз основа на ова, може да заклучиме дека свеќата не е симбол за човечка душа.

Според рускиот свештеник Александар Белослидов, свеќата е симбол на молитвата, но нејзиниот пламен не ја заменува молитвата.

Свеќите, како и иконите и темјанот, имаат функција да ги доведат верниците – парохијаните во вистинско расположение. Затоа, купувањето и палењето свеќи во црквата, според овој свештеник, немаат друга функција освен чиста донација на црквата.

Само нашето чисто срце и искрена молитва му се важни на Бог, а колку свеќи палиме и кому му ги наменуваме – тоа не е важно!

На прашањето на верниците, дали свеќите за мртвите може да се запалат и на некои други места освен во црква или на гробот, руските свештеници наведуваат дека поважно е да се молиме за верниците, а свеќите да ги палиме онаму каде што сметаме дека е потребно!

Детално за свеќата.

Свеќата има важно место во христијанската религија, откако на Седмиот веленски собор било одлучено: „Во Црквата Христова да се кади со темјан и да се палат свеќи и кандила. Со тоа се прави чест пред светите икони, светите мошти, чесниот крст и светото Евангелие“. Во христијанството, свеќата претставува симбол на Христос и неговата светлина, со која се растерува темнината во душата на човекот и во светот. Палењето свеќи се сретнува уште во Стариот завет, во кој една од првите заповеди што Господ му ги дал на Мојсеј била да направи златен светилник со седум кандила. Потоа, свеќи палеле и светите апостоли и првите следбеници на Христос, кога се собирале ноќе за да го проповедаат неговото учење и при молитвите. Оттука, палењето свеќи има посебно место во Новиот завет.

Во првите векови на христијанството секогаш се палеле свеќи при богослужбите, а тоа делумно било од практични причини, зашто нивните средби и ритуали се одржувале ноќе, во мрачните катакомби. За оваа практика сведочи еден од првите црковни писатели Тертулијан, кој запишал: „Ние никогаш не извршуваме богослужение без запалени свеќи. Но, не ги употребуваме само за да ја растераме темнината, туку затоа што палејќи ги свеќите го изобразуваме Христа несоздадената светлина, без кого и напладне би оделе во темница“.

Во христијанските цркви, најпрвин, свеќите ги палеле при вечерната богослужба, а денес, свеќите се палат при извршување на светите тајни и при богослужбите. Освен тоа, некои светци, како св. Фануриј во иконографијата се претставени со запалени свеќи. Бројот на свеќите што се палат во одделни богослужби е различен, а тоа е одредено со Типикот по кој се раководат свештениците. На венчавките, на сопружниците им се даваат свеќи како знак на чистота, а на крштевките, тие ја симболизираат духовната светлина што ја прима новопросветениот. При погребите и помените, како и на гробовите се палат свеќи како симбол на светлината Христова која треба да го просветли покојникот.

Кога одат во црквата, верниците треба да запалат свеќи за живите и за покојните, а тоа треба да биде проследено со молитви за милост и заштита на живите, односно за покој и спас на душата на умрените. Притоа, свеќите се палат на посебно место во црквите, т.н. шандани. При палењето на свеќата, верникот теба да се прекрсти и да ја бакне свеќата, со што се симболизира љубовта кон оние на кои им е наменета свеќата. Првата свеќа треба да биде посветена на Исус Христос, втората на Богородица, третата за светецот чие име го носи верникот, а четвртата за најблиските.

Првите христијани, исто како и Исус, биле Евреи кои живееле во Израел и кои се молеле во Храмот во Ерусалим и околните Синагоги. Обожувањето во Храмовите било проследено со принесување на жртви од животни, како искупување на гревовите. Во Новиот завет многупати се споменува дека Исус бил чест посетител на храмовите.

Раната историја на синагогите е контраверзна но се претпоставува дека била институција која се развила за потребите на јавно обожување на Евреите додека биле под окупација на Вавилон, и немале пристап до храмовите. Наместо тоа се развила церемонија во која се читала Тората на дневни и неделни служби, проследени со коментари од свештениците. Ова се случувало во домовите доколку групите биле мали. Во други случаи се граделе посебни градби за оваа цел. Некогаш со надоградување на куќите или пренамена на згради кои биле од јавен интерес. Во најголемиот број, тоа биле простории со подиум на кој се говорело, додека луѓето седеле наоколу и слушале.

И самиот Исус присуствувал на вакви заседание, каде што читал и давал коментари, како што е опишано во Посланието по Лука 4: 16-24. По уништувањето на Храмот во Ерусалим во 70 година од нашата ера, Христијанското движење и Евреите се разделиле. Црквата како институција зела голем замав во вториот век.

Се претпоставува дека зборот потекнува од арамејскиот јазик и бил воспоставен од Исус од Назарет. Во тоа време терминот Црква, еквивалентно означувал владин/политички термин, или, собрание, собир за јавни потреби. Тоа е старогрчкиот збор „екклесиа – ἐκκλησία“ (латински: ecclessia) кој е составен од предлошката „ек – ἐκ (пред самогласка се пишува како ех – ἐξ)“ и глаголот „калео – καλέω“. Предлошката „ек – ἐκ“ има двослојно значење („од“ и „кон“) па затоа е ориентирана кон исходот, а глаголот „калео – καλέω“ значи „да повикаш“. Во буквален превод „екклесиа – ἐκκλησία“ значи „собир на повиканите“ – луѓе повикани од светот кон Бога, а исходот на тоа е Црквата. Подоцна во Стара Грција терминот се користи за да се изрази тело кое расправа и разрешува проблеми кои генерално го засегаат oпштеството.

Денеска. 28 август е Раѓање на Пресвета Богородица- Мала Богородица

Утрена богослужба, а потоа и света литургија се одржува денеска во православните христијански храмови по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете.

error: Content is protected !!