Демолирана и запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода во Скопје.
Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Скопје, а до овој момент нема пријави за повредени лица.
Директорот денеска наутро пријавил дека поранешен вработен, кој би заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност во неговата канцеларија и потоа настанал пожар.
„Денеска во СВР Скопје А.Ф. (36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија , Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице , фрлиле запалива течност, при што настанал пожар“, соопштуваат до МВР.
Надлежните работат на расчистување на случајот.
Пожар во студентскиот дом Пелагонија – се огласи и директорот: Знам кој го сторил делото
