(ВИДЕО) Ја следел сопругата со дрон и дознал болна вистина: „Гледав како бракот ми се руши пред очи“

Мажот забележал чудно однесување кај неговата жена, па решил да провери што се крие зад тоа.

Својата детективска стратегија ја спровел употребувајќи безпилотно летало.

На Јутуб, под видеото објаснува дека добил повик во кој непознат човек го предупредил дека нешто се случува.

Два пати се обидел да ја следи, но и во двата наврати тврдењата се покажале како неточни, неговата сопруга одела директно на работа. Но, тогаш дошол до идеја да употреби дрон.

Тој ден, неговата жена, излегла од дома и не продолжила по вообичаената рута, па се паркирала покрај еден супермаркет, каде ја чекал друг маж.

-Еве ја. Ја вади косата од капутот. Одлично, разубави се за мажот со кој ќе го изневериш својот сопруг!

-Ако погледнете убаво ќе видите како изгледа да одат во пропаст 18 години брак.

Гледајте! 18 години! БУМ! Таа само туку така ги отфрли…а имавме добар брак, бар јас така мислев, вели сопругот на видеото.

Како да регистрирате дрон во Македонија – регулативи и процедура

За некои обична играчка, за некои алат со кој заработуваат, дроновите, т.е воздухопловите без екипаж, во минативе неколку години земаат голем замав. Но, доколку не сте внимателни, со дрон може лесно да се направи проблем.

Токму поради тоа, во минатите години низ светот, а и кај нас, постепено се носат регулативи и закони кои би го регулирале управувањето со воздухоплови без екипаж. Доколку сте се подновиле, или сте со намера да го направите истото, во продолжение ги дискутираме локалните регулативи и процедурата за регистрација.

Дали воопшто треба да го регистрирате вашиот дрон?
Иако во првичните регулативи класификацијата на дроновите се правеше според максималната маса на полетување, како и максималната брзина која може да се постигне, во промената од 16ти август 2018 година класификацијата се прави само според тежината (MTOW).

Според оваа класификација, во Класа 1 спаѓаат дронови со вкупна тежина помала од 500 грама, и за истите не е потребна регистрација и најавување на лет. Од дроновите кои се достапни кај нас, во оваа категорија спаѓаат DJI Mavic Mini и Mini 2, кои тежат по 249 грама, како и DJI Mavic Air, кој тежи 430 грама. За жал, DJI Mavic Air 2 доаѓа со тежина од 570 грама, што го категоризира во Класа 2, и за него ќе ви е потребна регистрација.

Посериозните дронови, како на пример DJI Mavic Pro (734 грама), DJI Mavic Pro 2 (907 грама), или DJI Phantom моделите кои тежат над 1300 грама, исто така спаѓаат во Класа 2, каде што се сите дронови со тежина од 500 грама до 5 килограми.

Секако, постојат и Класа 3 (од 5 до 20 килограми), Класа 4 (од 20 до 150 килограми), и Класа 5 (над 150 килограми), но овие класи се наменети за дронови за сериозна професионална употреба, како на пример Matrice серијата на DJI, или Freefly Alta моделите.

Како оди процедурата?
За успешно да го впишете вашиот дрон во Регистарот на воздухоплови без екипаж, воден од Агенцијата за цивилно воздухопловство, ќе ви треба барање за упис кое е достапно на нивниот вебсајт.

При пополнување на барањето, ќе ви требаат детални податоци од производителот за воздухопловот, вклучувајќи и технички податоци, како и податоци за сопственикот и операторот, односно лицето кое ќе го управува.

Покрај ова, во барањето се наведени и уште неколку документи, како копија од лична карта за сопственикот и операторот, копија од прирачникот на производителот (која ја испраќате во електронска форма), и уплата за регистрација според тарифникот на АЦВ. Доколку вашиот воздухоплов тежи помалку од 20 килограми, регистрацијата ќе ве чини 20 евра во денарска противвредност, како и 250 денари административна такса. Во спротивно, цената е 50 евра во денарска противвредност, и 250 денари административна такса.

Она што за некои може да биде збунувачко е фактот што треба да приложите доказ за сопственост, или доказ за стекнување на право врз воздухопловот. Доколку истиот сте го купиле од некоја од локалните продавници, гаранцијата на ваше име треба да е доволна. Но, доколку дронот е купен на старо, или од некоја друга причина немате ваков документ, она што ви е потребно е нотарски заверена изјава за сопственост, во која ќе го наведете точниот модел на воздухопловот, како и серискиот број на истиот.

Сите овие документи треба физички да се достават во Агенцијата за цивилно воздухопловство, и за жал електронско праќање не е прифатливо.

Што потоа?

Откако Агенцијата ќе ги прими вашите документи, во рок од неколку дена од нивните канцеларии треба да подигнете налепница со QR код кој е уникатен за вашиот дрон, и кој треба да биде залепен на видно место на дронот.

При подигањето, исто така треба и да го однесете вашиот дрон за проверка, при што од Агенцијата ќе ви посочат каде треба лепенките да бидат ставени. Ќе добиете и потврда за регистрација на која го пишува регистарскиот број на вашиот дрон. Би ви препорачале од оваа потврда да си направите фотокопија која ќе ја имате со вас кога го управувате дронот.

Кога ќе го завршите овој процес, на мејлот кој сте го напишале во барањето за упис ќе добиете ваш уникатен ПИН код, кој ви е потребен за најавување лет.

Најавувањето на летови исто така се врши на сајтот на АЦВ, и според регулативите, било кое оперирање треба да биде најавено барем 24 часа унапред. Од досегашни искуства кои може да се прочитаат на IT.mk форумот, од Агенцијата некогаш одобруваат летови и кога се најавени само неколку часа унапред, но сé зависи од тоа дали има некој кој може да го провери вашето барање во конкретниот момент.

Доколку вашето барање е одобрено, очекувајте дронот со вашата регистарска ознака да се појави на Map4DroneMK мапата на точните координати кои сте ги напишале при најавувањето на лет. Доколку барањето пак, е одбиено, ќе добиете мејл во кој ќе биде наведена причината поради која вашиот лет е одбиен.

Доколку успешно го регистриравте вашиот дрон, и ви е одобрено полетување, сé што ви преостанува е да сте внимателни и да ги почитувате законите и регулативите за управување со воздухоплов без екипаж!

Беспилотнo леталo (БЛ), попознато како дрон — авионски или хеликоптерски тип на летало без човечки воздухопловец на леталото. БЛ е составен дел на беспилотни авиони систем (UAS); кои вклучуваат беспилотно летало, копнен контролер, како и систем на комуникација меѓу нив. Летот на БЛ може да се врши со различни степени на автономија: или под далечински управувач со човечки оператор или самостојно од страна на вграден процесор.

error: Content is protected !!