Турската полиција уапси лице осомничено дека ја поставило бомбата што во неделата експлодира во пешачка зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест лица, а десетици се повредени, јавуваат агенциите.
Бомбата експлодира во неделата околу 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со многу кафулиња, ресторани, кина и продавници.
Според моментално достапните податоци, најмалку шест лица загинале во експлозијата, а 81 лице се повредени, од кои двајца потешко.
Новинарот на телевизија Телма, Марко, за телевизијата се јави во живо, објаснувајќи како изгледало сето тоа.
-Не упатија да бидеме безбедни и да останеме во хотелот. Наводно имало најавено и нов напад. Хотелот е на само 200-300 метри од улицата каде настана експлозијата. Се уште има сирени и многу полиција.
Не е дозволено да се пристапи до срцето на Истанбул. Само што поминавме со моите пријатели, јадевме во ресторан во близина. Одеднаш слушнавме хеликоптер, сирени…
Целото видео проследете го во продолжение.