Град Скопје реши да му додели финансика помош од 250.000 евра на најтрофејниот македонски клуб Вардар, а тоа налути многу познати јавни фаци.
Во продолжение и статусот на новинарот Фуркан Салиу:
250 000 евра, наши пари, мои пари, јавни пари ќе завршат во приватни џебови, или на нашки кажано, ќе се украдат.
Во време на криза кога градот ни е во темнина затоа што штедиме струја, кога имаме дилеми дали ќе имаме со што да се грееме, кога не знаеме дали ќе имаме со што да ги грееме нашите школи, болници, ние сакаме да му подариме 250 000 евра на еден клуб кој што е во приватна сопственост и има милионски долгови и кој што игра во втора лига.
Колку пари доби Бесир Алили? Младичот кој ни донесе златен медал од Европското првенство во борење?
Колку пари доби Дрита Ислами? Девојката која го има најдобриот резултат во последните 20 години…?
Колку спортски клубови во овој град заслужуваат финансиска помош?
Колку клубови со традиција згаснаа а администрацијата немаше слух за нив?
Ок, ајде да се сложиме дека потребно е да се помогне на Вардар, но зошто да не се помогнат и другите спортски клубови? Зошто да не се помогне на пример Кометал Ѓорче Петров? Не верувам дека некој спортски клуб во градов има поголема историја од европскиот шампион во ракомет а?
Зошто да не се помогне на Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Шкупи?
Под какви критериуми овие пари ќе завршат во приватна компанија?
Сите советници кои сметаат дека ги преставуваат скопјани ако оваа одлука се реализира треба да си поднесат оставки. На овој нефункционален град, му треба и нефункционален совет.
За оваа одлука граѓаните ќе бараат одговорност од тие што бараа гласови и се фалат по медиуми дека земале две директорски места.