Докторите ѝ рекле дека умира, а најблиските подготвувале погреб: Потоа се случи Божјо чудо

Ксара Сандерсон (20) повеќе не можела да оди на хемотерапии, имала ужасни болки, едвај одела, стоечки јадела и се опростила од семејството.

„Се надевам дека не се лутите што не умрев“, вели Британката Ксара Сандерсон (20). Таа боледувала од Хоџкинова болест, малигно заболување на лимфните ткива. Откако ја добила дијагнозата, Ксара почнала со хемотерапија.

После првата серија ја почнала и втората, која била многу посилна и која Ксара многу тешко ја поднела.

„Постојано повраќав. Кога семејството ми дојде на посета, реков дека повеќе не можам тоа да го барам од нив“, рекла Ксара.

Освен што постојано повраќала, Ксара постојано имала инфекции. Се потешко јадела и пиела, тешко ѝ било да стои и да оди. Во ноември, 2018-та година, лекарите ѝ соопштила дека ѝ останале уште неколку денови од животот.

Нејзиното семејство ја молело да продолжи со хемотерапии, ја молеле и пријателите, но Ксара не можела и не сакала да продолжи да се бори.

Потоа нејзин пријател почнал да собира пари за нејзиниот погреб.

Таа сакала посебен погреб, кој требало да биде на денот на принцезите. Напишала посебна листа со песни кои би требало да ги свират за неа. Не ѝ било важно каков ќе биде ковчегот, бидејќи сакала да биде кремирана. Собрале 3.130 фунти.

„Потоа дојде Божиќ. Беше убаво, но и многу тажно“, рекла Ксара.

Денот после Божиќ повторно завршила во болница поради воспаление на белите дробови. А потоа, следело ново неверување. Во март лекарите ѝ соопштиле дека ракот се повлекол.

„Воспалението на белите дробови помина. Во јануари отидов во болница и направив тестови. Имав чувство дека сум здрава и дека повеќе ракот не е во моето тело. Лекарите повторно ги направија сите прегледи во март и на 25-ти март ми рекоа дека тој навистина се повлекол. И самиот лекар беше зачуден. Не му беше јасно како се случило тоа“, вели Ксара и сега сака да ги врати парите кои се собрани за нејзиниот погреб, со порака „извинете што не умрев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ – БОЖЈО ЧУДО во Солун: Мироточи митрата на Свети Димитриј

Од вчера се случува чудо во Храмот на Свети Димитриј Солунски во Солун.

Мироточи митрата на Свети великомаченик Димитриј во црквата во Солун, што е причина од вчера да се собираат верници кои собираат свето Миро со парчиња платно.

БОЖЈО ЧУДО: Кој го пие овој чај, тешко дека некогаш ќе се разболи

Веројатно сите сте слушнале за овој чај, а некои сигорно досега некогаш го користеле и го пиеле. Меѓутоа, ова е таков чај, кој не мора да се пие само кога здравјето е загро-зено.

Овој чај е добар да се пие редовно за зајакнување на отпорноста на организмот и исфрлање на ток-сините од телото. Го смирува дигестивниот тракт и ги лекува инфекциите во организмот за кои честопати не знаеме дека постојат.

Потребни состојки: 1 лажица жалфија, 500 мл вода, прстофат маточина, прстофат кантарион, прстофат нане и уште ќе ви биде потребен добар емајлиран сад за готвење на чајот.

Постапка: ставете една лажица жалфија (сува билка) во 500 мл зовриена вода и продолжете да варете точно 3 минути. Тргнете го садот од оган и додајте по малку од другите билки.

Веднаш поклопете го го садот со капак или тацна за да не се изгубат етеричните масла при испарувањето на течноста, и оставете го чајот вака да отстои десет минути.

Потоа чајот процедете го и поделете го на две еднакви половини. Првата половина испијте ја наутро пред појадок, а втората половина испијте ја преку ден.

Вториот дел од чајот може да го испиете помеѓу оброците, половина час пред јадење или два часа после јадење, или пак, пред спиење. Овој чај е најдобро да се приготвува само во емајлиран сад.

Чајот се користи за кардиоваскуларни и срцеви проблеми, болести на органите за варење и црниот дроб, болести на ‘рбетот, болести на уринарниот тракт и простата, болести на хормонални нарушувања, алергии, дијабетес итн. Вреди да се проба.

Жалфијата содржи многу есенцијални масла кои се добри за плакнење на грлото, но не смеат да бидат во чајот што се пие, затоа мора да се готви 3 минути. Жалфијата како билка е многу важна за сите жлезди и ‘рбетниот мозок.

Маточината го смирува срцето, ги чисти кр-вните садови и делува сми-рувачки на нер-вниот систем.

Кантарионот ги стимулира и лекува органите за варење (добар е за целиот дигестивен тракт), ги обновува клетките на црниот дроб и го зајакнува имунитетот. Исто така, го намалува притисокот.

Нането освежува и ги ели-минира гасовите од цревата, спречува надуеност и ги смирува стомачните проблеми. Секогаш кога имате проблем со дигестирање на храна, добро е во јадењата да ставите малку нане, или после јадење да испиете чаша чај од нане.

Во комбинација со жалфијата и другите билки дава одлични резултати. Овој чај е добро да се пие на редовна основа, а повремено може да правите и паузи од 10-тина дена.

error: Content is protected !!