(ВИДЕО) Како на филм: Бркотници и напад на две млади момчиња во Куманово – „Косово е Србија“, причината за тоа?









Полицијата работи на идентификација на маскирани и вооружени лица кои на 14 ноември по полноќ во Куманово нападнаа двe млади момчиња.




Според полицијата, инцидентот што се случил во кумановската населба „Орта Бунаре“ се истражува во повеќе насоки, но најмалку три мотиви остануваат необјавени додека полицијата не ги потврди и документира. Од МВР официјално велат дека работат само по една пријава.




„Дваесетгодишен граѓанин околу 01:20 часот пријавил дека додека бил во автомобилот придружуван од друго лице на улицата Карл Маркс, некои лица со тврди предмети му го оштетиле автомобилот. Додека бегал од местото каде што бил нападнат, направил сообраќајна несреќа со паркиран автомобил. Се работи на расветлување на случајот“, наведуваат од МВР.




Пријавувачот наводно ѝ рекол на полицијата дека немал проблем со ниту еден поединец или група и оти не ги познавал напаѓачите. Групата дошла со три автомобили преку улицата „Љубе Гачев“ во спротивна насока во еднонасочна улица. По нападот, по улицата „Карл Маркс“ го следеле автомобилот во кој пријавувачот избегал кон ОУ „Бајрам Шабани“.




Откако им избегал, заминал во полиција и го пријавил настанот. Бил упатен и на лекарски преглед.

Претходен инцидент е пријавен дека се случил во „Дива населба“ каде група луѓе, од кои еден фатен на дело, избришале одредени графити и напишале „Косово е Србија“.




Додека полицијата работи на расветлување на случајот, жителите на населбата „Орта Бунаре“ стравуваат за нивната безбедност. Како била организирана групата? Кон кого целеле? Дали станува збор за нарачка или сè се случило случајно, на полноќ во албанска населба.

error: Content is protected !!