Синоќа се случил напад врз млад Албанец во Куманово, а сега се појави и снимка од инцидентот на социјалните мрежи.
На видеото може да се забележи како среде ноќ излегуваат голем број маскирани лица од автомобил и почнува бркотницата.
По тој повод, се огласи и првиот човек на Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, кој напиша:
Во интерес на јавноста барам одговор од надлежните во МВР во врска со синоќешните настани во Куманово?
– Кој тоа се обидува да го наруши соживотот во Куманово и дали оваа е само изолиран инцидент?
– Дали концертите кои предпет дена го наполнија плоштадот со млади Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Црногорци и др. можеби вознемирија поедини политички субјекти и самопрогласени авторитети па навлегуваат во веќе видени сценарија?
Чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети?