Изгледа како некој сцена од филм, но е целосна вистина.
Цел свет зборува за ОДБОЈКАРОТ ЏИН: Стапалото му е долго 39 см, на 16 години бил висок 190 см, а сега е висок неверојатни 246 см! (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби од Иран во финалето на Светското првенство во седечка одбојка.
Иран го освои осмото злато, Босна и Херцеговина остана на три, а најголем виновник за тоа е иранскиот „горостас“ Мортеза Мехрзад (35), најдоминантниот играч во историјата на оваа игра.
Со висина од 2,46 метри, тој спаѓа во категоријата највисоки луѓе во светот, веднаш зад Турчинот Султан Косен (251 сантиметар). Тежи околу 140 килограми, а стапалото му е долго дури 39 сантиметри.