Мулер: Полска ја крева борбената готовност на своите вооружени сили









Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер одржа прес-конференција во главниот град Варшава, на која рече дека владата го подигнува нивото на подготвеност на војската како одговор на експлозијата во близина на границата со Украина.




Обраќајќи се пред камерите, Мулер потврди дека претходно денеска биле убиени две лица. Тој им рече на новинарите дека владата размислува дали да го активира членот 4, што би значело состанок на членките на НАТО откако ќе биде загрозен нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“.




Во својата изјава, Мулер не потврди чии се ракетите.

Според официјалните документи на НАТО, член 4 значи дека „страните ќе се консултираат меѓусебно“ доколку се одлучи дека е загрозен нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“.




Очигледно, се чини дека тоа вклучува многу помал ризик од значителна ескалација и ширење на конфликтот, што е нешто од што сите се плашат по таков настан.

Русија негира каква било вмешаност во врска со ракетниот напад врз Полска




Во својата објава на Телеграм, руското Министерство за обрана вели оти извештаите од Полска за руски ракетни напади врз нејзина територија се лажни и се намерна провокација со цел ескалација на ситуацијата и руско-украинскиот конфликт
Русија ги демантираше изјавите на полските медиуми дека руски проектили паднале врз полското село Пржеводо во близина на украинската граница, јави Би-би-си.




Во својата објава на Телеграм, руското Министерство за обрана вели оти извештаите од Полска се намерна провокација со цел ескалација на ситуацијата и руско-украинскиот конфликт.

„Не беа извршени напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руски средства за уништување“, се вели во соопштението.




Од руското Министерство се додава дека урнатините што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пржеводов немаат никаква врска со руското оружје.

Претходно денеска, во селото Пржеводов во источна Полска во близина на границата со Украина се случила експлозија предизвикана од руски ракети, овјави новинската агенција Асошиејтед прес, повикувајќи се на високо рангиран извор во американското разузнавање. Според АП, во нападот загинале две лица.

Во меѓувреме, полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната, но полските власти се уште официјално не потврдија дали Полска била нападната од руски ракети.

error: Content is protected !!