Прва реакција од Македонија за ситуацијата со Полска: Се огласи Османи









Висок функционер на американска разузнавачка служба за Асошиејтед прес кажал дека руски проектили го погодиле истокот на Полска, убивајќи две лица, додека Пентагон сега вели дека нема информации кои би потврдиле дека станува збор за руски ракети.




Полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итна средба на владиниот одбор за национална безбедност и одбрана.




Загрижени сме од недамнешниoт ракетен удар на територијата на Полска, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.




На социјалните мрежи вечерва Османи изрази целосна поддршка и солидарност со Полска, како и сочувство до семејставата на жртвите.




„Во консултации сме со сојузниците на НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата“, пишува Османи.

error: Content is protected !!