Бројни земји членки на НАТО разговараа за инцидентот со ракетата во Полска и дојдоа до заклучок дека Русија нема никаква врска со тоа, изјави Реџеп Таип Ердоган.
„За нас е важно Русија да рече: „Немаме ништо со тоа.“ Покрај тоа, германскиот канцелар Олаф Шолц на нашата утринска средба рече дека овој инцидент треба да биде темелно истражен. Исто така, важно е дека американскиот претседател Џозеф Бајден негираше дека проектилот и припаѓа на Руската Федерација“, рече Ердоган на конференцијата.
Тој изјави дека добил информација од Шолц дека инцидентот во Полска може да биде техничка грешка.
Турскиот лидер повика на темелна истрага.
Проектилите паднати во Полска најверојатно не се истрелани од Русија, вели американскиот претседател Бајден
-Не сакам дефинитивно да кажам додека не заврши целосна истрага. Но, поради траекторијата на проектилите малку веројатно е дека се истрелани од Русија. Сепак ќе видиме што ќе донесе истрагата. Иако првичните информации зборуваа дека Русија е поврзана, прелиминарните истражувања го оспоруваат тоа тврдење, истакна американскиот претседател Џо Бајден за CNN.
Тој се наоѓа на Бали во Индонезија каде учествува на самитот на Г 20. Пред изјавите одржа итна средба со лидерите на Велика Британија,Франција, Германија, Јапонија, Италија, Канада, Холандија и Шпанија.
Бајден сепак смета дека одговорноста за влошувањето на состојбата е на Русија.
-Русија со своето делување и понатаму ја влошува состојбата во Украина, истакна Бајден во изјавата за CNN.
Два проектили паднаа во полско село на неколку километри од границата со Украина синоќа за време на најжестоките руски воздушни напади врз поголем дел од украинската територија.
Загинаа две лица, а Полска оцени дека станува збор за руски напад и како земја членка на НАТО го активираше членот 4 пд Повелбата.