Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски многу веројатно повеќе нема да биде шпицен градоначалник. Тој размислувал, а сега и јавно соопшти дека има намера да биде носител на кандидатска листа на парламентарни избори.
Аферата „Паразити„ покажува еден нефер третман на граѓаните во Македонија.
Додека секој просечен човек едвај врзува крај од први до први, една мала група послушници на власта која на грбот на сите граѓани енормно се богати и има огромни примања, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Република“ и „Пресинг ТВ“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за првпат открива дека размислува да се кандира за носител на листа на следните избори.
„На минатите избори излегов како носител на кампањата и како кандидат за премиер што можеби од денешна перспектива беше погрешен потег и чекор.На овие избори ќе бидам на една од листите како носител и мандатар за состав на идната влада“, изјави Мицкоски.
Мицкоски размислил: Доста бев шпицен градоначалник – сега ќе бидам на листа и како пратеник ќе влезам во Собрание
