Вечерва се огласи Жан Митрев: Неговите зборови многумина ги остави без збор










Вечерва се огласи Жан Митрев: Неговите зборови многумина ги остави без збор




Веста продолжува веднаш по платената реклама од нашиот спонзор:







Клиничката болница Жан Митрев целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на бизнисмен од Албанија, реагираа денеска од болницата.




„Шпекулативните, нарачани и тенденциозни објави за продажба на Клиниката Жан Митрев, имаат јасна интенција, но укажуваме дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба“, се вели во соопштението што го издаде оваа болничка установа.




Во соопштението се додава дека „официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискредитација и црна кампања со цел да се наштети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица во изминатиот период, ја води оваа болница и ќе продолжи да раководи со истата транспарентно и одговорно како што и било пракса во изминатите 22 години постоење на Клиничката болница Жан Митрев“.

error: Content is protected !!