Продолжуваат пецкањата на релација Скопје – Битола и обратно.
Идната среда на Градскиот стадион во Скопје се одбележува 75-годишнина од формирањето на Фудбалскиот клуб Вардар и 35 од навивачката група „Комити“, па веќе во полн ек се подготовките за тој настан.
Во екот на организацијата, има и провокации кон ривалите навивачки групи од Македонија, пред се од Битола и Кавадарци со кои „Комитите“ се во „вечна“ војна.
Припадници на групата фанови на Вардар денеска беше во овие два града и ги повика љубителите на фудбалот во Скопје идната среда за заеднички да го прослават големиот јубилеј.
Брзо одговор на ова имаше и од битолска страна, од навивачката група „Чкембари“, кои го тргнаа транспарентот и упатија порака: