Aлбанолог ја добива државната награда „22 Ноември“ – еве кој









Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе




О Д Л У К А




за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2022 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија




1. За остварувања на луѓе во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, наградата му се доделува на:




– проф. д-р Зеќирја Незири, албанолог.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 22 ноември 2022 година (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

error: Content is protected !!