Велосипедист од Скопје со барање до МВР: Секој што ќе вози на автопат – да му го одземете велосипедот: Нема зборови за да се опише тагата









Сега веќе џабе се зборовите, ама МВР да ги казнува велосипедистите кои возат на автопат




На социјалните мрежи се појави крајно емотивен, но во исто време и расуден статус поврзан со денешната трагедија која го потресе Скопје, но и цела Македонија.




Арбр Шаќири од Скопје е велосипедистот кој вечерва го загуби животот во несреќата на скопската обиколница кај Радишани.

Веста на социјалната мрежа Фејсбук ја објави велосипедскиот клуб „Феникс“.




Зборовите на Боро Баниски ја објаснуваат целата ситуација за овој немил настан:

-За нецел месец втора сообраќајка со фатални последици во која учествувал велосипедист. И тоа искусен, страстен, спретен, одличен. Другар, пријател, сопруг, татко…




Нема зборови да се опише тагата. Сочувство до семејството. Еден апел да упатам до сите кои се сметаат за велосипедисти.




Да не се излегува на автопат. По ниеден основ. Не за џабе е забрането. Во ниедна земја во светот не е дозволено на автопат да се управува со точак.

Прв јас сум го прекршувал и сум платил најмалку 5 казни. Требаше вакви работи да се случат да ни дојде памет.




Апел и до МВР. Да казнува најстрого за овој прекршок со одземање на велосипед. Сега веќе џабе се зборовите. Да не се повтори никогаш веќе.

Жално, болно и тажно. Можеше секој од нас да биде…, пишува Боро.

error: Content is protected !!