Пендаровски откри колкава плата зема: Голема е да – затоа што имам голем стаж









Најпрво Пендаровски зборуваше за Уставот, а на крајот кажа и за својата плата.

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изјави дека промената на Уставот со цел внесување на Бугарите во него, не е страшно и оти нема да ја дестабилизира државава, но како што кажа, според неговите информации ,го нема потребното мнозинство во Собранието за тие измени да се направат.




-Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме, рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.




Според Пендаровски, од информациите достапни во јавноста, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.




-Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам“. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да, вели Пендаровски.




Тој спомена серија посети на меѓународни претставници на земјава, меѓу кои, како што најави и посетата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на државава на 29 ноември, за време на која ќе се обрати во Парламентот.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа отврено кажа дека неговата плата е 93.000 денари со 32 години стаж. Се осврна на високите плати во М-НАВ по скандалот со аферата „Паразити“.




Данскиот амбасадор се интересираше за писмото на М-НАВ до нив и која е позадината на тоа, народски кажано ‘како баш овие ги избравте’. И јас морав да прашувам и не ми се веруваше дека ова е можно, рече Пендаровски.

error: Content is protected !!