Протест во CPЕДА – EBE за што ќе се протестира овојпат









Отстапки и услови нема. Во среда Синдикатот на клинички излегува на предупредувачки протест. Револтот ќе го искажат сите – болничари, техничари, лаборанти, медицински сестри, лекари….Имаат многу барања што треба да ги решат надлежните а линеарното зголемување на платите е едно од основните.

Револтирани се што за ветените 2806 денари кои со месеци ги чекаат се потребни 15 милиони евра годишно за 23 000 здравствени работници. Само толку изнесува и долгот на Онкологија.




-На буџет од 5 милијарди да не можете да најдете 15 милиони, а за време на ковидот умираат и здравствени работници, болничари, лекари..тоа е жалосно, вели др. Предраг Серафимовски потпретседател на Синдикат.




Уште не излезени на протест, вработените на скопските клиники веќе се соочувале со притисоци и како што велат од Синдикатот со лажни пораки и ветувања од раководни структури. Се почнало по вчерашниот прилог на Сител со најавите за искажување на револтот.




-Веднаш почнаа со притисоци уште вчера после интервјуто на вашата телевизија, почнаа со пораки. Директори и главни сестри праќале пораки на вработени дека готово договрено било 2000 денари зголемување за сестри, вели др. Серафимовски.




Серафимовски им порача на директорите да престанат со притисоците бидејќи следниот пат јавно ќе ги објават. Кај членовите на синдикатот не биле толку проблем здравствените власти туку долгото чекање и немањето средба со првиот финансиер и премиерот.

-Требаше платата да се изедначи како просечната а сега е сведена на минимална. Има огромен револт кај медицинските сестри, и ние на каса с епребројуваме дали имаме да го платиме тоа што сме г купиле, вели Гордана Димеска – извршен одбор на Синдикат на клинички.




Со соопштение излезе и Министерството за здравство најавувајќи дека зголемувањето на платите на здравствените работници ќе го ставеле како приоритет и ќе преговараат со финасиерите. Нејасно е како биле третирани досега барањата на лицата во бели мантили.

error: Content is protected !!