Повеќе од 8 часа трае седницата на Централното претседателство на ДУИ.
Медиумските екипи се уште чекаат пред партиското седиште за исходот од седницата каде се разговара за сработеното од страна на министрите на ДУИ
Нема конкретни разговори за влез во владата на Алијансата за Албанците, но секој е добредојден во централната власт, ако и мисли добро на Македонија, изјави шефот на кабинетот на ДУИ Артан Груби, пред почетокот на седницата на централното претседателство, каде се разговара за сработеното од функционерите на ДУИ, кои се во извршната власт. Груби повтори дека огнена група во партијата нема и речиси целата дебата е за економските ресори и капиталните инвестиции.
Партискиот портпарол на ДУИ Бујар Османи вели дека во моментот има потреба за поголема политичка соработка со цел да се надминат поголем број предизици, но сеуште е рано да се каже дека ќе има некаква промена во извршната власт. Ова го истакна на новинарските прашања пред почетокот на продолжението на седницата на претседателството на ДУИ во партискиот штаб во Мала Речица.
„Веќе имам кажано дека постои политички момент за поширока координација меѓу политичките партии затоа што се наоѓаме во пресрет на многу кризи. Не само кризи, прво потребата од уставните измени, второ почетокот на скринингот и почетокот на преговорите коишто бараат поблиска координација на политичките партии. Енергетската криза, економската криза, значи моментумот е таков да бара поголема координација. Дали тоа формално ќе се манифестира во форма на некаква соработка да оставиме времето да покаже“, посочи Бујар Османи.
Потпретседалот на ДУИ Арбер Адеми на почетокот на седницата изјави дека на дневен ред нема да има разрешувања на министри или директори, туку ќе се разговара за прашања кои имаат надлежности како партија.
„Во известувањето не добивме дека на дневен ред се разрешувања и такви работи. Така што ги адресираме и ги дискутираме сите прашања, дефинираме ориентации за да ја усовршиме нашата ориентација, од причина што ДУИ сноси висока одговорност и ние мора да одговориме на сите предизвици со кои се соочуваме“ рече Адеми.