(ФОТО) Голема акција на МВР: Приведено лице кај кого биле пронајдени бесправно исечени дрва и пила









На 19.11.2022 во 14.30 часот на влез на с.Шишево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Сарај го привеле М.И.(44) од с.Шишево.




При преглед во патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва и моторна пила.




Возилото, дрвата и пилата биле одземени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе од МВР билтен:

На 19.11.2022 во 10.15 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие биле затекнати при извршување кражба во продажен објект, при што одзеле повеќе производи. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




На 19.11.2022 во 14.30 часот на влез на с.Шишево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Сарај го привеле М.И.(44) од с.Шишево. При преглед во патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




На 19.11.2022 во 10.50 часот на ул.„Петар Ацев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




На 19.11.2022 во 12.30 часот на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.П.(23) од Гевгелија, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.




По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 21 мерка за возење под дејство на алкохол, осум санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила…

error: Content is protected !!