(ВИДЕО) Почина последниот член на домородното племе во Бразил – соопштено што се случило

Почина последниот член на домородното племе во Бразил, кој избегнуваше контакт со децении

Почина последниот член на бразилското домородно племе кое немало контакт со цивилизацијата, објави во саботата бразилската агенција за заштита на домородните народи Фунаи.

Познат како „Човекот од дупката“, тој живееше во последните 26 години во целосна изолација на домородната земја Танару, длабоко во бразилската Амазонија, во државата Рондонија.

Прекарот го добил поради неговата навика да прави длабоки дупки за да се скрие, но и да фаќа животни, пишува CNN.

Му оставија залихи

Човекот се спротивстави на сите обиди за контакт, но властите продолжија да го следат од далеку; повремено оставајќи му залихи. Групата за човекови права Survival International рече дека од 1970-тите, остатокот од неговото племе било истребено во неколку рации, главно сточари.

„Никој не го знаеше името на овој човек, ние дури и не знаеме многу за неговото племе. Со неговата смрт заврши геноцидот на неговиот народ“, изјави Фиона Вотсон од Survival International.

„Затоа што ова беше навистина геноцид, односно сточарите желни за земја и богатство намерно ја избришаа целата нација“, додаде таа.

„Почина од природна смрт“

На 23 август, службениците на Фунаи пронајдоа тело на маж во хамак во кабина. Немаше знаци на борба, насилство или присуство на други луѓе во областа.

„Тој почина од природна смрт, а неговото тело ќе биде подложено на вештачење“, рече Фунаи.

Последното познато видео за „Човекот од дупката“ беше објавено од Funai во 2018 година. Survival International рече дека неговите напуштени живеалишта покажале траги од неговиот начин на живот – тој засадил земјоделски култури, вклучувајќи пченка и папаја, и изградил куќи од слама и слични материјали.

Племе е форма на голема човечка заедница што постои надвор од или пред појавата на државите, чии членови зависат од нивната земја, во најголем дел се доволни самите на себе, па не се интегрирани во општеството. Британскиот антрополог Стивен Кори племето го дефинира како заедница на луѓе кои „живеат на одреден начин со генерации, независни се, и сосема се разликуваат од општеството што доминира“.[1] Исклучок од оваа дефиниција се земјите од Среден Запад како арапските племиња во Ирак и Јемен, Јужна Азија, Авганистан и многу африкански земји како Јужен Судан, каде целото население се припадници на едно или друго племе, па според тоа племето е доминатно во општеството.

Постојат 150 милиони припадници на племиња ширум светот. Иако во најголем број племињата се домородни народи во местото каде што живеат, сепак има исклучоци од ова.

Поимот „племенско општество“ често се користи за да се опише заедница организирана врз основа на крвно сродство и голема поврзаност со местото на живеење.

Во некои земји, како во Индија и Северна Америка, постојат племиња кои се официјално признати и на кои им е дадена ограничена автономија во рамките на државата.

Научниците сметаат дека има разлика меѓу историските племиња кои постоеле пред создавање на државите и современите племиња. Многумина сметаат дека животот во племе е поблиску до природата, за разлика од животот во современите држави.

Антропологот Мортон Фрид во неговата студија Поимот племе од 1975 година, изнесува бројни примери на племиња во кои членовите зборуваат на различни јазици или пак вршат различни ритуали, или пак примери на членови кои имаат јазик и ритуали исти со оние на друго племе. Фрид исто така изнел примери на племиња каде припадниците следеле различни политички водачи, или исти водачи со припадниците на друго племе. Заклучил дека племињата се динамични.

Новите истражувања покажуваат дека племенските структури претставуваат еден вид адаптација на ситуации кои обезбедуваат изобилни, но сепак непредвидливи ресурси. Таквите структури се покажале доволно флексибилни за да го координираат производството и дистрибуцијата на храна во време на недостаток, без ограничување на луѓето за време на вишок.

Бразил бил колонија на Португалија сè до 1822-ра. Во почетокот независен како империја, во доследност Бразил е Република од 1889-та, иако бикамералната легислатура сега нарекувана Конгрес датира од 1850-та. Моменталниот устав ја дефинира Бразил како Федерална Држава, составена од федерален округ и 26 држави конституенти.

Бразил е светска десетта економија, новите економски реформи дадоа нови проекции за развојот на Бразил. Бразил е член основач на Обединетите Нации и Сојузот на јужноамериканските нации. Во Бразил предоминира католицизмот, и се говори португалски.

Денешната територија на Бразил била населена најмалку пред 6000 години. Повеќето домородни народи кои живееле и живеат на територијата на Бразил се верува дека се потомци од првиот бран мигранти од Северна Азија, поточно Сибир, коишто го преминале беринговиот проток кон крајот на ледената епоха околу 9000-та год. п.н.е. Во 1500-та год. од н.е. територијата на модерен Бразил имала население од околу 3 милиони, разделено во над 2000 нации и племиња. Во текот на наредните три века, Бразил бил непрекинато колонизиран од Португалците. Лингвистиката открила над 188 живи домородни јазици со над 150,000 говорници. Во 2007 Националната Индијанска Фондација (Fundação Nacional do Índio) го изнесла податокот за 67 домородни племиња кои сè уште живеат без допир со конвенционалната цивилизација. Педро Алварес Кабрал го открил ова подрачје во 1500 година. Во тоа време домородците биле семи-номади концентрирани околу бреговите најмногу онаму каде што се влеваат поголемите реки во океанот.

Во почетокот, Португалија не гледала со многу интерес кон Бразил, претежно поради профитот што го остварувала при тргување со Индија, Индокина, Кина и Јапонија. Во текот на овој период, дрвото со црвена боја, пау-бразил бил најексплотираниот ресурс од страна на португалските освојувачи. Во 1532 година, Португалија започнала со колонизација на Бразил. Неколку рани населби биле основани покрај брегот, заедно со колонијалната престолнина Салвадор во 1549 година во Заливот на сите светци, а градот Рио де Жанеиро бил основан во март 1567 година. Во 17 век, приватни експедиции од Капетанијата Сао Паоло, нарекувани „Бандеиранти“ ја истражувале и раширувале територијата на Бразил. Во XVIII век, тие пронашле злато и дијаманти на територијата на денешната држава Минас Жераис. Профитот од Благово е искористен за издржување на Португалската империја. Начинот на владеењето со Бразил и скапиот живот на Португалската монархија довела до движење за независност на Бразил. Производството на злато почнало да стагнира кон крајот на 18 век. За разлика од соседните шпански поседи, Португалската колонија го задржала територијалниот, политичкиот и лингвистичкиот унитаритет.

Крајот на XIX век и почетокот на XX век, Бразил привлекол преку 5 милиони европски и јапонски имигранти. Бразилската демократија трипати била заменувана диктатура: 1930 – 1934 и 1937 – 1945 од страна на Жетулио Варгас и 1964 – 1985 од страна на група генерали. Дури во 1990 година, во земјата биле одржани првите демократски избори.

Во Бразил живеат беше околу 190 милиони жители, но просечната густина на населението е нерамномерна, односно 22,31 жител по квадратен километар или 57,8 / sq mi), со сооднос на мажи со жени од 0,95: 1 и 83,75% од популацијата дефинирана како урбана. Најгусто населени се градовите Рио де Жанеиро и Сао Пауло, а најмала густина на население има во Амазонската Низина. Најголем дел од населението се белците (55%) и тоа најмногу потомците на Португалци, Германци, Италијанци, Шпанци и Полјаци. Понатаму, 38% од населението им припаѓа на Мулатите, кои се двапати побројни од Местиците и сочинуваат главен дел на селското население. Црнците сочинуваат 6% од населението, а останатите 1% им припаѓа на Јапонците, Арапите и на американските Индијанци.[8].[9] Населението е силно концентрирано во регионите на југоисточниот регион (79,8 милиони жители) и североисточниот регион (53,5 милиони жители), додека двата најекспонирани региони, Центар-Запад и Север, кои заедно сочинуваат 64,12% од бразилската територија, имаат вкупно само 29,1 милиони жители.

error: Content is protected !!