(ВИДЕО) Што се случува: Голема експлозија и пожар во центарот на Москва









Пожар избувна во реонот на плоштадот Комсомол во Москва, спасувачите пристигнаа на местото на настанот, соопшти прес-службата на главниот град на руското Министерство за вонредни ситуации.




Спасувачите известија дека пожарот избувнал во двокатна магацинска зграда од тули на плоштадот Комсомолскаја, зграда 1А, зграда 18.

Според службите за итни случаи, површината на пожарот достигна 1,9 илјади квадратни метри.




Според руските железници, нема опасност за патниците и возниот сообраќај. Московското Министерство за транспорт, пак, објави дека вонредната состојба не влијае на сообраќајот, пренесе Телеграф.рс.



Еве го видеото:

Украина тврди дека Русите ја гаѓале Запорожје

Украинскиот оператор на нуклеарната централа Запорожје соопшти дека руските сили стојат зад синоќешното и денешното гранатирање, што е спротивно на тврдењето на Москва дека нападот дошол од Украина.

Нуклеарната компанија Енергоатом соопшти дека имало најмалку 12 напади врз инфраструктурните објекти на централата.

Компанијата на Телеграм соопшти дека напаѓачите „ја таргетирале и ја оневозможиле самата инфраструктура потребна за да се рестартираат блоковите 5 и 6“ и да се обнови производството на електрична енергија за потребите на земјата.

Претходно, Ренат Карча, советник во рускиот оператор за нуклеарна енергија Росенергоатом, изјави дека 15 гранати биле испукани врз објектите на централата.

Според руските медиуми гранатите биле испукани од Украина и паднале во близина на сув магацин и не се откриени радиоактивни емисии.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврди дека „силни експлозии ја потресоа областа на нуклеарната централа Запорожје“.

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, повика гранатирањето веднаш да престане.

error: Content is protected !!