Голема трагедија во вечерашната епизода од семејната сага „За семејството“.
Новата епизода на Канал 5 ги потресе гледачите и ги шокираше фановите на серијата, која се емитува во повеќе од 50 земји во цел свет.
Загина Каан, еден од учениците, еден од ангелите кои го сакаа сите. И тоа во моментот кога требаше да се дознае целата вистина за смртта на Кадир.
Во желба да ја спречи Сузан да ја каже целата вистина, во голема кавга меѓу нив двајца, доаѓа до непосакувана несреќа и пад кој ќе се покаже како фатален за Каан, од спратот во училиштето.
Каан умре. Згасна уште еден млад живот во серијата „За семејството“.
Сите ученици во неверување, а семејството во голема тага. Солзи на очите на гледачите. Трагедиите не запираат.
Вечерва згасна уште еден млад живот, почина Каан од „За семејството“
