(ВИДЕО) Ѓоковиќ освои титула во Торино – а по натпреварот зборуваше за Македонија









Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победата во финалето на завршниот Мастерст заработи рекордна парична награда, а веднаш по победата зборуваше за Македонија.

Видеото може да го погледнете на крајот од текстот.




Ноле во два сета беше подобар од норвешкиот претставник Каспер Руд со 7-5, 6-3 за 91 минута игра и по шести пат во кариерата го освои последниот АТП турнир во годината.

За петте триумфи во Торино, Ѓоковиќ доби рекордна парична награда на АТП турот од 4,74 милиони долари и максимални 1.500 поени. Српскиот тенисер од понеделник ќе биде петти на АТП листата и годината ќе ја заврши меѓу најдобрите пет.




На патот до трофејот, 35-годишниот Србин оствари три победи во групната фаза против Данил Медведев, Андреј Рубљев и Стефанос Циципас, во полуфиналето славеше над Тејлор Фриц, а во големото финале беше поуспешен од Руд.

Многу интересно за целата публика во Македонија е она што се случуваше веднаш по крајот на финалниот меч.




Ѓоковиќ замина најблизу до публиката и делеше автограми, а еден навивач од публиката, Македонец, според наши информации Димитар Бадев, му порачува на тенисерот дека има голема поддршка од Македонија.




Новак веднаш се сврте кон камерата и упати поздрав.

-Фала Македонија, фала Македонија, фала многу,- рече Ѓоковиќ.

error: Content is protected !!