Денес во Македонија претежно на цела територија паѓаше дожд или имаше облачно време.
Главниот град, иако без посериозни врнежи, сепак имаше одреден период кога имаше засилено темпо на паѓање на дожд.
На социјалните мрежи се појавија видеа од поплавени сообраќајници низ Скопје по денешниот дождлив ден.
– “Би го порибил ja езерово на Данела кај Желеничка, него страв ми е рибите да не ми ги згази кола после”, напиша граѓанскиот активист Никола Писарев на социјалните мрежи.
Инаку, од видеото може да се забележи како автомобилите имаат проблеми при движењето.
Ова треба да биде и опомена за градските власти, затоа што зимата допрва доаѓа, па вакви временски прилики ќе има се почесто.
Поплави во Србија – во делови прогласена вонредна состојба, армијата на терен
Поради обилните врнежи од дожд кои непрекинато паѓаат во Нови Пазар драстично е зголемен водостојот на Рашка, Јошаница, Трнавица и Видрењак, со тенденција за натамошно покачување. Во тој град е воведена вонредна заштита од поплави, реките се уште не се излеани и се следи состојбата. Директорот на јавното претпријатие „Србијаводе“ Горан Пузовиќ вели дека во Тутин е прогласена вонредна состојба, каде во моментов состојбата е најтешка.
Претседателот Александар Вучиќ издаде наредба за ангажирање на припадниците на Армијата во борбата против водената стихија. Министерот за одбрана Милош Вучевиќ и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ се на пат за Нови Пазар.
Во општина Пријепоље врнежите доведоа до покачување на нивото на реката Лим , која однесе дел од оградата на спортските терени „Орси“ во населбата Шарампово, на влезот во оваа општина.
Невреме и во регионот. Обилните дождови и ненадејното зголемување на водостојот на реките создаваат големи проблеми на локалните патишта и во неколку општини на северот на Црна Гора . Страв од поплави има од Лим и Бистрица, а водостојот на Морача достигна 11 метри.