Полицијата синоќа привела 22-годишник кој се обидел да cилува 72-годишна жена во кавадаречко.
Според информациите, се работи за С.Р. од кавадаречко село, кој се сомничи дека во селото се обидел да изврши 0бљуба врз жената.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
MВР: Приведено лице, пронајдени огревни дрва без документација
Во текот на вчерашниот ден, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево бил приведен А.И.(26) од с.Палиград- стои во полицискиот извештај на МВР.
Имено, на влез во с.Долно Количани, при преглед на патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., биле пронајдени огревни дрва без потребната документација. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок- се вели во извештајот.