(ВИДЕО) Голема катастрофа: Најмалку 10 мpтви во силен земјотрес во Индонезија









Повеќе од 10 лица загинаа во земјотрес што се случи во индонезиската провинција Западна Јава, изјави владин претставник од градот Чианџур, Херман Суерман.




Тој за телевизијата „Метро ТВ“ изјави дека „до 20 луѓе“ починале во болница во областа, пренесува Ројтерс.




Агенцијата за метеорологија и геофизика БМКГ утринава соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала неколку секунди ја потресе индонезиската престолнина Џакарта.




Во истото соопштение се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Чианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Се додава дека нема потенцијал за цунами.




Некои луѓе ги евакуираа канцелариите во централниот деловен кварт на Џакарта, додека други изјавија дека чувствуваат дека зградите се тресат и гледаат како мебелот се движи, изјавија очевидци за Ројтерс.

error: Content is protected !!