Доктор Лазаров открива дали и колку е опасно ако сте пиеле јогурт „Баланс +“ кој беше повлечен









Вчера како гром од ведро небо одекна веста, за повлекување на серија јогурти, кои ги користат многу граѓани во државата.




За неполн месец втор производ кој се повлекува од пазарот поради афлатоксин. Јогуртот од еден килограм Баланс+ од производителот АД Имлек од има концентрација која не е дозволена со македонските прописи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Од таму наведуваат дека количините кои се повлекуваат не биле наменети за нашиот пазар.




Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, велат од АХВ.




Колкава количина на јогурт е повлечена и како завршиле овие количини во Македонија се уште нема информација од АХВ.




За тоа се огласи и докторот Ненад Лазаров, кој откри колку и дали е опасно ако имате испиено шише јогурт од таа марка:

-Без никаква паника и да сте испиле цело шише јогурт од спорниве,па и две.




Единечна таква доза ама баш ништо нема да ви направи, треба надлежните ова да го нагласат за да не се паничи народ, има луѓе што се поосетливи и навистина вознемирени.

Овде потенцирам и за трудници кои би требало да се редовни конзументи на јогурт. Немиените раце се многу поопасни.

error: Content is protected !!