Првото големо изненадување на Светското првенство го приреди Саудиска Арабија, која со златни букви ќе го запише овој 22 ноември. Победена е Аргентина, номинално третиот фаворит за мундијалската титула според бубмејкерите, и тоа со несекојдневен пресврт и два гола во пет минути.
На тапет по поразот и прекинот на тригодишната серија позитивни резултати беше младиот стручњак, селекторот Лионел Скалони.
Саудиска Арабија направи сензација против Аргентина (2-1), но тоа лесно можеше да падне во сенка на стравичната повреда која ја заработи Јасер Ал Шарани во завршницата од дуелот по судирот со неговиот колега и голман на репрезентацијата.
Голманот на С. Арабија успеа да ја прифати топката, но притоа незгодно го удри неговиот сонародник со колено во глава, по што почна веднаш да бара медицинска помош затоа што ударот изгледаше ужасно.
Фудбалерот е пренесен во болница и во моментов е во стабилна здравствена состојба и засега не е познато дали ќе се врати на некој од другите натпревари на неговата репрезентација.