ФОТО: Поплавите од Тетово, се префрлија во Скопје – водопад тече врз улицата









Обилниот дожд кој падна вечерва предизвика поплави во Тетово. Како што јавува ТВ 21, дел од улиците се полни со вода, а поплавени се и дворови, подруми.




Како што јавува Канал 5 пак, речиси целосно се поплавени улиците во населбата Дарданија, источно од железничката пруга, улицата „172“, која го спојува Тетово со Мала Речица, неколку улици околу касарната, но и локалниот пат од Тетово кон Фалише кај подвозникот.




Обилен дожд вечерва го зафати и Скопје, а на социјалните мрежи се појавија видеа со поголеми количини вода на улиците во главниот град.




Како што јавија од УХМР, врнежи од дожд ќе во текот на ноќта, а пообилни се најавуваат во западните делови (над 20 л/м2 за 12 часа).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.




Можеби најчудна или интересна е фотографијата, на која се гледа како има водопад во Скопје, поточно во населбата Козле, погледнете во продолжение.

error: Content is protected !!