Украина само што соопшти: Започнавме контраофанзива, веќе вративме еден ден – продолжуваме понатаму

Украина ја започна долгоочекуваната контраофанзива на југот на земјата, соопшти нејзината воена команда.

Украинците велат дека ја пробиле првата линија на одбрана.

Украинската јавна телевизија „Суспилне“ ја цитираше портпаролката на украинската армија Наталија Кумениук, која рече: „Денес започнавме со офанзивни акции во различни правци, вклучително и во регионот Херсон“.

Хумениук одби да елаборира за новата офанзива, но рече дека неодамнешните напади на Украина врз јужните руски логистички рути несомнено го ослабнале непријателот. Таа додаде дека минатата недела биле погодени повеќе од десет складишта за руска муниција.

Дали Сергеј Шојгу падна во немилост на Владимир Путин?

Првиот човек на руската армија, наводно, повеќе не му се јавува лично на Путин, туку други воени функционери одат кај претседателот

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу наводно е настрана и паднал во немилост на претседателот Владимир Путин, а неговите војници буквално му се потсмеваат, соопшти британското Министерство за одбрана.

На дневниот брифинг, министерството изјави дека Шојгу, кој е на чело на секторот за одбрана веќе 10 години, повеќе не е „човекот од доверба“ и сојузник на Путин како што беше некогаш.

Неуспесите на Русија во Украина, која претрпе огромни загуби во работна сила и опрема без да направи многу навлегување во земјата, доведоа до негово протерување од „внатрешниот круг“ на Путин.

Првиот човек на руската армија, наводно, повеќе не му се јавува лично на Путин, туку други воени функционери одат кај претседателот.

– Последните независни извештаи од руските медиуми тврдат дека, поради проблемите со кои се соочува Русија во војната против Украина, рускиот министер за одбрана сега е на маргините на руското раководство, а оперативните команданти директно го информираат претседателот Путин за напредокот на војната – соопшти британското министерство.

И војниците и командантите, кои имаат воено искуство од „прва рака“, наводно му се потсмеваат на Шојгу за неговото неефикасно водство додека рускиот напредок отсуствува.

– Шојгу веројатно долго време се бореше да ја надмине својата репутација на човек кому му недостига суштинско воено искуство, бидејќи поголемиот дел од кариерата ја помина во градежниот сектор и Министерството за вонредни ситуации – велат тие.

Русија, под палката на Шојгу, наводно изгубила најмалку 47.000 војници во Украина. Уништени се и речиси 2.000 тенкови, 4.000 оклопни возила, повеќе од 230 авиони и 1.000 артилериски единици.

Шојгу, чија мајка е родум од Украина, работела во градежништвото пред да стане функционер во регионалната Комунистичка партија. Потоа беше назначен за заменик-претседател на Државниот комитет за архитектура и градежништво на Руската Федерација, а подоцна стана министер за вонредни ситуации во 1991 година, добивајќи ја почесната титула генерал.

Тој стана министер за одбрана во 2012 година и заедно со Сергеј Лавров долго време важеше за доверлив човек на Путин.

Лајен: ЕУ работи на структурна реформа на пазарот на електрична енергија

Европска Унија работи на „итна интервенција“ за да се стават под контрола цените на електричната енергија, што се зголемија поради руската инвазија врз Украина, изјави денеска претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Растечките цени на електричната енергија сега наметнуваат ограничувањата на нашиот пазар на електрична енергија“, истакна Лајен на стратешкиот форум во словенечкиот град Блед.

Таа додаде дека актуелниот пазар за електрична енергија развиен е во различни околности од сегашните.

„Затоа сега работиме на итна интервенција и структурна реформа на пазарот на електрична енергија“, наведе Лајен.

Министерски состанок на САД и на сојузниците за поддршка на Украина

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на 8 септември во Германија ќе се сретне со неговите колеги министри од сојузничките земји, на разговори посветени на поддршката за Украина во нејзината војна против Русија, соопшти денеска американската армија.

„Контакт-групата за одбрана на Украина” со учество на високопоставени воени претставници, ќе разговара во американската воздухопловна база „Рамштајн”, соопштија американските воздухопловни сили за Европа и за Африка.

Шведска: Над 46 милиони долари воена помош за Украина

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави денеска дека Шведска ќе обезбеди дополнителни 500 милиони круни (46,75 милиони долари) воена помош за Украина за да и помогне да се одбрани од руската инвазија.

За време на посетата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, Андерсон им изјави на новинарите дека нејзината влада ќе и обезбеди на Украина вкупен дополнителен пакет воена и цивилна помош во вредност од една милијарда круни, пренесува „Ројтерс“.

Кулеба ја повика Шведска да и обезбеди на Украина оружје како хаубици и гранати.

„Се додека трае војната, ќе бараме повеќе оружје. Секое евро, секој куршум, секоја граната, сè е важно“, изјави Кулеба.

Шведскиот премиер не наведе детали за воениот пакет, но рече дека ќе биде сличен на претходниот пакет со кој се испорачува противтенковско оружје, опрема за лична заштита и опрема за чистење мини.

Шолц: Проширување на ЕУ и укинување на правото на вето за државите-членки на Унијата

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Прага ја изрази својата поддршка за проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија. Шолц уште истакна дека треба да се укине правото на вето при гласањето во рамките на ЕУ.

„Онаму каде што во моментов е потребна едногласност (во ЕУ), ризикот од една земја да блокира одлука се зголемува со секоја нова земја-членка”, рече канцеларот, сугерирајќи непречена транзиција кон мнозинско одлучување.

Шолц исто така ја изрази својата поддршка за идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за создавање „европска политичка заедница” што ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да одржуваат редовни разговори со нивните „европски партнери” од земјите кои не се членки на ЕУ.

Германскиот канцелар уште додаде дека Бугарија, Романија и Хрватска ги исполнуваат сите услови за да добијат полноправно членство во шенген-зоната за безвизно патување.

Османи на средба со новата украинска амбасадорка Лариса Дир

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со Лариса Дир, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјава по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

-Ѝ посакав успех во дипломатската мисија, со уверување дека со своето искуство и лични заложби ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи, објави денеска Османи на неговиот официјален фејсбук профил.

Шефот на дипломатијата воедно ја реафирмирал поддршката од нашата земја за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и справување со предизвиците од руската агресија

-Северна Македонија со силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и готовност за понатамошна помош во соочувањето со предизвиците од руската воена агресија, се наведува на фејсбук статусот на министерот Османи.

error: Content is protected !!