Фондацијата на Бил Гејтс потврди: Ова е втора водечка причина за смрт во светот









Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по болестите на срцето, покажа големото истражување објавено во вторникот, во коe Staphylococcus aureus (златен стафилокок) и pneumokok се споменуваат како две најсмртоносни бактерии.




Со судијата, чии резултати беа објавени во магазинот „Лансет“, се селектирани триесетина бактерии, најчести причинители на инфекции, а научниците се обидоа да проценат колку смртни случаи се поврзани со нив.

Истражувањето е спроведено во склоп на таканаречениот „глобален товар на болеста“.




Оваа огромна истражувачка програма, финансирана од Фондацијата на Бил Гејтс, е од неспоредливи размери и вклучува неколку илјади истражувачи од многубројни земји ширум светот.




Петте најсмртоносните бактерии

Авторите заклучија дека „смртните случаи поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот“ по коронарните болести на срцето, меѓу кои се истакнуваат срцевите удари.




Од 7,7 милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, секој осми се припишува на последиците од инфекција со Staphylococcus aureus и пневмокок. Овие податоци датираат од 2019 година, во времето пред пандемијата на ковид-19.




Од триесетте селекционирани бактерии, пет од нив предизвикуваат повеќе од половина од смртните исходи: Staphylococcus aureus, Escherichia coli, pneumococcus, Klebsellia pneumoniae и bacillus pyocyanin.

Целиот текст на Слободен Печат (клик ТУКА)

error: Content is protected !!